1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиПалестински територии

Израел ги повлече тенковите од пред болницата Ал-Шифа

ЖА
1 април 2024

По две недели од почетокот на антитерористичката акција, израелската армија се повлече од болницата Ал-Шифа во Појасот Газа. Израел тврди дека тука се убиени бројни терористи на Хамас.

Болницата Ал-Шифа во Појасот Газа
Болницата Ал-Шифа во Појасот ГазаФотографија: AFP

Акцијата на израелските војници во болницата Ал-Шифа во Појасот Газа траеше вкупно 14 дена. Во судирите во болничкиот комплекс во палестинската област се убиени бројни терористи, а акцијата сега е завршена и трупите се повлечени, соопшти армијата.

Претходно репортер на новинската агенција АФП објави извештај за повлекување на израелските тенкови и војници од болничкиот терен, што беше потврдено и од страна на Министерството за здравство во Појасот Газа, контролирано од Хамас. Според наводи на Службата за цивилна заштита, исто така  контролирана од Хамас, околу болницата се пронајдени околу 300 тела.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху  акцијата во болницата Ал-Шифа,  која стартуваше на 18 март, уште во неделата вечерта ја истакна како голем успех, при што биле убиени повеќе од 200 терористи, а стотици се предале.

Локални медиуми јавуваат дека при воената операција се предизвикани тешки оштетувања на зградите на најголемиот медицински комплекс во  Појасот Газа.

Израел тврди дека Хамас во поширокиот терен околу болницата повторно воспоставил борбени и командни пунктови откако израелските трупи во ноември еднаш веќе навлегоа во болничките згради. Израел го обвинува Хамас за систематска злоупотреба на медицинските установи за воени цели, што Хамас го негира.

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари пред една недела изјави дека борци на исламистичко терористичкиот Хамас и на Исламистички џихад се забарикадирале во различни одделенија во болницата. Хамас меѓу другото стрелал врз израелските војници од Одделението за итна медицинска помош и од Акушерското одделение, а при истрелувањето израелски ракети, се предизвикани масивни оштетувања и пожари во објектите.

Оруженото крило на Хамас во изминатите денови во повеќе наврати потврди свои напади врз израелските трупи во подрачјето на болницата Ал-Шифа.

Жител од Газа тврди дека во болницата уште се наоѓаат пациенти, медицински персонал и луѓе кои тука бараат засолниште од борбите.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми