1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Израелската армија го опколи градот Газа

ЕМФ | агенции
3 ноември 2023

По засилените напади врз Појасот Газа во последните денови, израелската армија соопшти дека го опколила градот Газа.

Копнени трупи на израелската армија во Појасот Газа
Копнени трупи на израелската армија во Појасот ГазаФотографија: Israel Defense Forces via AP/ Photo/picture alliance

Израелската армија соопшти дека го опколила градот Газа. „Војниците го завршија опкружувањето на градот Газа, центарот на терористичката организација Хамас“, изјави синоќа (2.11) портпаролот на армијата Даниел Хагари. Хагари претходно извести за „директни битки со терористите на Хамас.“

Во текот на ноќта војската јави за жестоки борби со милитантниот исламистички Хамас во Појасот Газа. Терористите, според соопштението на израелската армија на Телеграм, истрелале противтенковски проектили, активирале експлозиви и се обиделе да се качат на возилата на израелските војници. Тие, како што се вели, биле убиени во тие борби. Каде се воделе борбите не е соопштено.

Хамас ѝ се заканува на израелската војска

Според новинската агенција АФП, военото крило на Хамассе заканило дека инвазијата на Појасот Газа ќе стане „проклетство“ за израелските војници. „Уште повеќе нивни војници ќе се вратат дома во вреќи“, изјави портпаролот на бригадите Касам. Израел во последните денови ги зголеми нападите врз Појасот Газа и испраќаше сѐ повеќе копнени трупи на палестинската територија контролирана од Хамас. Според израелската војска, вчера биле убиени „десетици“ борци на терористичката организација. Копнената офанзива сѐ повеќе се концентрира на северот од крајбрежниот појас, каде што е централата на Хамас. Израел ги повика цивилите да го напуштат северниот дел на Појасот Газа.

Градот Газа е најголемиот град на крајбрежниот појас. Областа, која е долга околу 40 километри и има повеќе од 2,2 милиони жители, е многу густо населена. Досега само неколку стотици луѓе со странски пасоши можеа да ја напуштат областа преку граничниот премин Рафах на границата со Египет.

Само неколку стотици луѓе со странски пасоши можеа да ја напуштат Газа преку граничниот премин Рафах на границата со ЕгипетФотографија: IBRAHEEM ABU MUSTAFA/REUTERS

Борби и на границата со Либан

Покрај борбите во Појасот Газа, вчера имаше жестоки борби и помеѓу израелската армија и либанскиот Хезболах. Израел објави „широк напад“ врз позициите на шиитската милиција во соседната земја, а Хезболах соопшти дека нападнал „19 израелски позиции во исто време“. Хезболах соопшти дека во сопствените редови биле убиени четири лица.

Лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, денеска треба да одржи говор. Постојат стравувања дека Хезболах би можел да отвори нов фронт за поддршка на Хамас и војната да се прошири и во другите земји во регионот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми