1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Израелската армија се повлече од Џенин

ЖА / агенции
5 јули 2023

Израелската војска ги повлече своите војници од бегалскиот логор Џенин на Западниот Брег. До ноќеска се воделе жестоки престрелки меѓу израелските трупи и милитантни Палестинци.

Џенин Израел воена офанзива
Израелска воена офанзива во градот-бегалски камп ЏенинФотографија: Majdi Mohammed/AP/picture alliance

Два дена по почетокот на големата воена акција во Џенин, во окупираниот Западен Брег, израелската армија според сопствени наводи, ги повлекла своите војници од палестинскиот град. Повлекувањето започнало во вторникот вечерта, а во меѓувреме војниците се вратени на нивните „рутински активности“ во Западниот Брег, соопшти израелската армија.

За време на почетокот на повлекувањето дошло до жестоки судири со вооружените жители, тврдат палестински извештаи. На видеа на социјалните мрежи се гледаше како на колона воени возила се фрла експлозив.

Кратко потоа, израелската армија јави дека пет ракети испалени од Појасот Газа врз израелска територија, биле успешно пресретнати од противвоздушната одбрана. 

Утрово израелската воена авијација нападнала цели во Појасот Газа, како реакција на ракетната стрелба. Од палестински безбедносни извори се дознава дека бил погоден воен погон на палестинскатарадикално исламистичка организација Хамасво северниот дел на Појасот Газа, но немало повредени.

Повлекувањето на армијата од Џенин не е изненадување, со оглед што израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера веќе навести скор крај на акцијата, но со дополнување дека „Израел ќе продолжи да дејствува се` додека е тоа потребно“.

Во израелска воена офанзива во градот-бегалски камп Џенин се уништени повеќе објектиФотографија: Majdi Mohammed/AP/picture alliance

Целта на израелската армија во најголемата воена операција во последните децении во Западниот Брег, како што соопшти Тел Авив, била „да се уништи терористичката инфраструктура на исламистичките екстремисти".

По повеќе воздушни удари, армијата навлезе во Џенин со околу илјада војници, водејќи повеќедневни жестоки оружени пресметки со вооружените жители. Големите воени возила предизвикаа тешки оштетувања на улиците и зградите, а целта, како што тврди армијата, им била елиминирање на експлозивни стапици. Илјадници жители го напуштија логорот, во кој била исклучена електричната струја и водата.

Илјадници жители на Џенин го напуштиле кампот поради израелската воена офанзиваФотографија: Ronaldo Schemidt/AFP/Getty Images

Израелската армија синоќа соопшти дека е убиен еден израелски подофицер, што е прва израелска жртва од почетокот на воената офанзива во понеделникот. На палестинска страна, според информации од палестинското Министерство за здравство, загинале најмалку 13 Палестинци, а повеќе од 100 се ранети.

Израелската војска во билансот на воената офанзива вбројува уништување на повеќе командни централи, магацини со оружје, работилници за производство на оружје, како и скривници на осомничени лица, освен тоа, приведени се 30 лица.

Џенин важи за упориште на милитантните Палестинци, повеќе жители од градот во изминатите години извршија смртоносни напади врз Израелци.

Напад со возило врз луѓе на автобуска постојка во Тел Авив, ИзраелФотографија: Jack Guez/AFP/Getty Images

Вчера пак член на радикалниот Хамас, кој го контролира Појасот Газа, со автомобил влеталво група луѓе на автобуска постојка во израелскиот град Тел Авив, за потоа да нападне со нож некои од присутните, при што се повредени најмалку осум лица.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми