1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ТероризамГерманија

Предупредување од терористички напади на Хамас во Германија

ЖА
28 декември 2023

Колку е сигурна Германија од напади на радикални групи на Хамас? Според Рон Просор, израелски амбасадор во Берлин, будноста сега е поважна од било кога.

Израелскиот амбасадор во Берлин, Рон Просор
Израелскиот амбасадор во Берлин, Рон ПросорФотографија: DW

Израелскиот амбасадор во Берлин, Рон Просор предупреди од  напади на терористичката организација Хамас во Германија.  Во Германија одамна се стигнати  следбеници на Хамас,  изјави Просор за весниците од медиумската група Функе.  „Германија мора да остане претпазлива,  зашто меѓународниот тероризам постојано се спрема, па и на празници“, предупреди амбасадорот.

Забраната за дејствување на радикално исламистичкиот Хамас и пропалестинската мрежа Самодун е правилен чекор, но не и доволен, смета Просор. Тој укажува на важноста од следење на финансиските текови поврзани со овие организации. „Ниеден цент од парите на германските даночни обврзници не смее да биде употребен за тунели, оружје или терор“, подвлекува амбасадорот.

Тој искажа пофални зборови за односите меѓу Израел и Германија, а посебно за солидарноста на Германија по терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври врз Израел. Билатералните врски меѓу Германија и Израел во последно време според него се „посилни, подлабоки и повеќестрани". Амбасадорот посебно ја истакнува важноста на изјавите на канцеларот Олаф Шолц,  претседателот Франк-Валтер Штајнмајер  и сите демократски партии за тоа дека местото на Германија во овој момент е на страната на Израел. 

„Идеологијата на Хамас не е опасност само за Израел, туку за сите демократски држави“, објаснува Просор, критикувајќи што провокациите на Хамас и други палестински организации  предолго биле минимизирани. 

Во терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври беа убиени околу 1200 луѓе и ранети повеќе од 5.000. Како реакција, Израел врши воени напади против Хамас и структурата на терористичката организација во Појасот Газа. Притоа, според наводи на Министерството за здравство на Хамас, кои не можат да бидат независно проверени, досега загинале преку 21.000 луѓе.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми