1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Херцог: Горди сме на партнерството со Германија

7 септември 2022

Израелскиот претседател Херцог во Бундестагот побара да се одржи сеќавањето на Холокаустот и жртвите на националсоцијализмот. Заедничките искуства ги сплотуваат двете земји, оцени тој.

Израелскиот претседател Ицак Херцог зборува во Бундестагот, 6.09.2022
Израелскиот претседател Ицак Херцог зборува во Бундестагот, 6.09.2022Фотографија: Jens Krick/Flashpic/picture alliance

Сè уште има нешто необично кога израелски претседател зборува пред германскиот Бундестаг. Тоа е сè само не нешто што е разбирливо само по себе, дури и 77 години по Холокаустот, убиството на шест милиони Евреи во Европа. Иако овојпат - всушност - геноцидот не е во фокусот на повеќедневната посета на претседателот Ицак Херцог.

Но, сеќавањето на Холокаустот е секогаш во центарот на германско-израелските односи. Во својот говор во Бундестагот, Херцог рече: „Никогаш една земја не била одговорна за загубата на секаква човечност, каква било милост, како нацистичка Германија. Одговорна за намерата со немилосрдна суровост да уништи цел еден народ.“

Сеќавања на нападот на Олимпијадата во 1972 година

Херцог во Германија всушност дојде за да ја одбележи 50-годишнината од убиството на единаесет израелски спортисти за време на Олимпијадата во Минхен, во 1972 година. Брутално убиени од палестински атентатори и незаштитени од, во тоа време, беспомошните германски безбедносни сили.

По долгогодишни мачни преговори, Германија и Израел непосредно пред комеморацијата се договорија за исплата на обесштетувањеза ужалените семејства. Германија ќе им ислати 28 милиони евра на роднините на жртвите. Она што е исто така важно за Израелците: Сојузниот претседател Франк-Валтер Штајнмајер во Минхен ги кажа овие зборови: „Како претседател на оваа земја и во име на Сојузна Република Германија, барам прошка за недоволната заштита на израелските спортисти на Олимписките игри и поради недоволното разјаснување на настаните потоа“.

Стоечки аплауз за Херцог од германските пратеници, 6.09.2022Фотографија: Markus Schreiber/AP Photo/picture alliance

Херцог: „Злосторство против човечкото достоинство“

Ицак Херцог, близок пријател на шефот на германската држава, во последните денови неколкупати му се заблагодари на Штајнмајер за ова извинување и говорот го опиша  како „историски“.

И тој во Бундестагот се сети на страшните часови во Минхен и тогашните дела ги нарече одвратни: „Злосторство што не само што гаѓаше кон основните вредности на човечкото достоинство и интегритетот на животот, туку и на спортот како таков и особено духот на Олимписките игри“.

„Само мртвите имаат право да заборават“

За Херцог посетата на германскиот Бундестаг е исто така длабоко лична работа. Неговиот татко, Хаим Херцог, претседател на Израел од 1983 до 1993 година, беше првиот претседател неговата земја кој што се обрати пред германскиот Бундестаг во 1987 година. Како сојузнички офицер, Хаим Херцог беше еден од оние кои во 1945 година го ослободија концентрациониот логор Берген-Белзен. Херцог сега во Бундестагот го цитираше својот татко: „Само мртвите имаат право да заборават. Живите немаат право да заборават“.

Израелскиот претседател Херцог и германскиот претседател Штајнмајер на прес-конференција во БерлинФотографија: Bernd von Jutrczenka/dpa/picture alliance

Тоа се провлекува како црвена нишка низ неговиот говор: Германија и Израел ги чуваат заедничките спомени: „Еврејскиот народ не заборава, и тоа не само поради должност кон генерациите од минатото, туку и поради должност кон генерацијата на иднината. Не е лесно: соочувањето со сеќавањата е шокантно. Тоа е сложено по природа“.

Бербел Бас: Антисемитизмот во Германија е срамота

Херцог беше пречекан во Бундестагот од претседателката на парламентот Бербел Бас (СПД), која во својот поздравен говор не заборави да се осврне на зголемениот, вклучително и насилниот, антисемитизам во Германија.Бас рече: „И денес мораме да ги штитиме Евреите во Германија. Срамота е што израелските институции денес можат да работат само под полициска заштита“.

Антисемитизмот секогаш ќе постои, рече Херцог во својот говор, а потоа продолжи: „Сеќавањето е сложено и во Израел, тешко и болно на сосема поинаков начин. Го сакале тоа или не, сеќавањето на Шоа е фундаментален дел од нашиот национален идентитет. Народ чија историска меморија вклучува такви страшни искуства и најдлабоки бездни не е народ како секој друг“.

Аушвиц: Заедничкото сеќавање поврзува

04:31

This browser does not support the video element.

„Ја цениме поддршката на Германија“

Додека Херцог зборуваше, во Бундестагот беше тивко како што речиси не е никогаш. Но, неговиот говор често се прекинува со спонтан аплауз, на пример кога вели дека Израел знае дека Германија е сигурно на негова страна: „Многу го цениме придонесот на Германија за безбедноста и успехот на Израел“.

Но, и тука важи - она што е заедничко е визуелизацијата на она што се случило: „Врз основа на заедничкото сеќавање на Холокаустот, двете земји можат да обликуваат заедничка иднина“.

По говорот во Бундестагот, Херцог и Штајнмајер положија венци на споменикот на Холокаустот во Берлин. Посетата на Ицак Херцог на Германија заврши вчера попладне со посета на поранешниот концентрационен логор Берген-Белзен во денешна Долна Саксонија, заедно со сојузниот претседател Штајнмајер. Место на ужасот што таткото на Херцог можеше да го ослободи во 1945 година.

Штајнмајер и Херцог положија венци на споменикот на Холокаустот во БерлинФотографија: Christoph Soeder/AP Photo/picture alliance
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми