1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бертелсман: С. Македонија е дефектна демократија со напредок

БГ
19 март 2024

Најновиот извештај на германската фондација Бертелсман за квалитетот на демократијата во светот ја сместува Северна Македонија меѓу земјите со најголем напредок. Но, проблемите остануваат...

Северна Македонија Скопје
Бертелсман: С. Македонија е дефектна демократија со напредокФотографија: MIA

„Развојот на Северна Македонија е импресивен. По драматичниот пад на долгогодишниот премиер Никола Груевски во 2016 година, земјата успеа да го подобри својот демократски статус за 1,30 индексни поени во однос на 2018 година“, оценува германската фондација Бертелсман во најновата студија за квалитетот на демократијата во светот.

Северна Македонија, сепак, се уште е во групата на дефектни демократии, со мал напредок во економската трансформација и квалитетот на владеење.

„Иако Северна Македонија постигна голем напредок кон добро функционирање на демократските институции и слободата на изразување, и неодамна покрена постапка против неколку високи функционери за злоупотреба на функцијата, остануваат значителни предизвици во областа на државниот идентитет и меѓусебната доверба предизвикани од нестабилноста по губењето на власта на владејачкиот Социјалдемократски сојуз на локалните избори во 2021 година", се наведува во извештајот на Бертелсман. 

Бугарската кочница- сериозен предизвик 

Воспоставувањето на владеење на правото и задоволителна борба против корупцијата остануваат најголемите предизвици за Северна Македонија. Во делот на корупцијата, се наведува во извештајот на Бертелсман, „ДУИ ќе мора да демонстрира јасна подготвеност да се спротивстави на корупцијата во сопствените редови.“ 

Што се однесува до наредниот период, Бертелсман ги наведува бугарските блокади во ЕУ како клучна опасност за натамошна поларизација во земјата и кочење на демократските процеси. Се проценува дека земјата и натаму ќе се соочува со релативно висока инфлација, забавен економски развој и можна рецесија.

На ниво на поширокиот регион на источна и југоисточна Европа, Бертелсман проценува дека најголем напредок постигнале Албанија и Северна Македонија. Напредок на демократијата е нотиран и во Хрватска и Косово, додека назадување- во Србија и Унгарија.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми