1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Увидот во Избирачкиот список завршува на полноќ

ДТЗ
11 септември 2025

На локалните избори во Македонија, коишто се закажани за 19 октомври, ќе се гласа во 80 општини и Градот Скопје на 3.480 избирачки места

Избори во Македонија
На локалните избори во Македонија, коишто се закажани за 19 октомври, ќе се гласа во 80 општини и Градот Скопје на 3.480 избирачки местаФотографија: MIA

На полноќ завршува увидот во Избирачкиот список за локалните избори во Македонија, коишто треба да се одржат во октомври. На 13 септември на полноќ завршува и рокот за доставување на листите за кандидати за градоначалници и за советници, по што учесниците на изборите забрзано ги започнуваат активностите околу изборната кампања.

На изборите коишто се закажани за 19 октомври, ќе се гласа во 80 општини и Градот Скопје на 3.480 избирачки места. 

Иако активностите на терен се одамна започнати и дел од кандидатите пред граѓаните веќе ги презентираат своите изборни ветувања, сепак официјалната кампања ќе започне на 29 септември. 

Изборни рокови

Граѓаните јавниот увид можат да го направат во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК). Македонските граѓани можат да поднесат писмено барање за запишување, дополнување или бришење на податоците во изводите на Избирачкиот список до подрачното одделение на ДИК или месната канцеларија на подрачјето на живеење, или по електронска пошта. Увид во Избирачкиот список им се овозможува и на затворениците.

Политичките партии во Македонија барањето за доставување на Избирачкиот список го доставуваат до ДИК по електронски пат, најдоцна на 11 септември. ДИК во рок од три дена (најдоцна на 14 септември) од денот на завршување на јавниот увид, Избирачкиот список го доставува до партиите кои доставиле барање. Тие во рок од пет дена од денот на приемот на избирачкиот список до ДИК  (најдоцна на 19 септември) доставуваат барање за запишување, дополнување или бришење на податоци.

ДИК по поднесеното барање одлучува со решение во рок од 3 дена. Против решението на ДИК, политичката партија може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа, а за толкав период треба да се донесе и одлука од страна на судот. 

Министерството за внатрешни работи, еден ден по завршување на увидот, доставува списоци на лица кои поднеле барање за нова лична карта, како и на лица кои ќе наполнат 18 години до денот на изборите. Податоци се доставуваат и за лицата кои се во притвор или во затвор, како и за оние коишто се пријавиле за гласање во установи за згрижување.

Избирачкиот список ќе биде заклучен најдоцна на 26 септември. ДИК го потпишува заклучениот Избирачки список, односно изводите од Избирачкиот список на кои се гласа, најдоцна 15 дена пред денот на одржувањето на изборите односно најдоцна на 3 октомври. 

Јавниот увид во Избирачкиот список завршува на полноќ, течат подготовките за изборната кампањаФотографија: Petr Stojanovski/DW

Десет милиони евра за избори

Според пресметките на ДИК, околу 10 милиони евра ќе чинат локалните избори во Македонија. Две третини се пари наменети за медиумите и платеното политичко рекламирање. 

Според бројот на учесници, изборната администрација, вклучувајќи ги и вработените во ДИК, локалните избори се најголеми и најмасовни. Карактеристично за овие избори е што дијаспората нема да може да гласа, а ако некој од македонските државјани сака да го искористи своето право, ќе може да даде својот глас само доколку допатува во земјата. 

Политички партии и коалициите, како и други граѓани најавија учество на изборите. Граѓанските иницијативи сè уште собираат потписи за формирање на партии, со цел да отворат непречен пат за учество на изборите. Кандидатурите односно листите, согласно Изборниот законик се потврдуваат 30 дена пред изборите, а кампањата почнува 20 дена пред тоа.  

Од распишувањето на изборите, Министерството за финансии е должно сите буџетски исплати, освен редовните плати, пензии и комунални трошоци, да ги објавува јавно на интернет страница во посебна база за буџетски трошоци во изборен период. 

Според Изборниот законик, локалните избори се одржуваат на секои четири години во втората половина на октомври. Локални избори во Македонија се одржале во 1996, 2000, 2005, 2009, 2013, 2017 и 2021 година.  

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми