1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јоханес Флорс, најбрзиот параолимпиец

01:30

This browser does not support the video element.

Томас Клајн
28 август 2024

Германецот Јоханес Флорс е најбрзиот параолимпиец. Злато освои само 4 години откако му беа ампутирани нозете.

Јоханес Флорс е најбрз параолимпиец на 100 и 400 метри. Роден е во 1995 година со фибуларна хемимелија, односно без двете коски на потколеницата. На 16 години, тој се одлучил за ампутација на нозете.

„Тоа беше најдобрата одлука што сум ја донесол во животот. Веќе не чувствувам болка, тоа беше најважното. Не сум веќе попречен. Можам да одам на болдеринг, можам да нуркам, да се качувам, планинарам. Можам да го правам сето она што не можев да го направам порано. А протезата изгледа „покул“ од деформираната нога“, вели Јоханес Флорс.

Тој набргу почнал да трча со протезите, претворајќи се во професионалец. Во 2015 година освои злато на 100, 200 и 400 метри, само 4 години откако му биле ампутирани нозете:

„Тоа што можам да го почувствувам ветрот и целото мое тело како се движат симетрично и хармонично, за мене е неверојатно ослободувачко.“

Јоханес Флорс во Париз, каде почнуваат Параолимписките игриФотографија: Mika Volkmann/picture alliance

Флорс сака да слуша хеви метал музика. Со споделување на својата приказна инспирира и мотивира други:

„Ако можете да се идентификувате со некој кој нема нозе, слуша метал музика и тоа ве мотивира, тогаш тоа е перфектно!“, вели со насмевка Јоханес Флорс.

Повеќе во видеото!
 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми