1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јули 2023 - веројатно најтопол месец со векови

ЕМФ | агенции
21 јули 2023

Јули ќе биде најжешкиот месец што светот го доживеал во последните „стотици, ако не и илјадници години“, проценува главниот климатолог на НАСА.

Атина Грција топлотен бран
Жена во Атина се разладува со шишиња со водаФотографија: Louisa Gouliamaki/AFP/Getty Images

Според главниот климатолог на американската вселенска агенција НАСА, Гевин Шмит, јули 2023 година ќе биде најтоплиот месец на светот во последните „стотици, ако не и илјадници години“. „Гледаме невидени промени ширум светот, топлотните бранови што ги гледаме во САД, Европа и Кина уриваат рекорди“, оценува Шмит.

Неколку рекорди за топлина се веќе соборени овој месец, покажуваат мерењата на Европската унија и Универзитетот Мејн, кои даваат прелиминарни проценки врз основа на податоци од земја и сателити. Иако тие малку се разликуваат, јасен е трендот на екстремна топлина и тој веројатно ќе биде потврден со поцврстите месечни извештаи од американските власти, додава Шмит.

Рекордно високи температури на површината на морето 

Климатологот претпоставува дека ваквиот развој ќе продолжи „бидејќи продолжуваме да испуштаме стакленички гасови во атмосферата“. Актуелните временски феномени ја зголемуваат веројатноста дека 2023 година ќе биде најтоплата година досега. Според пресметките на Шмит, веројатноста е 50/50. Други научници сметаат дека веројатноста е 80 проценти, вели тој. „Очекуваме 2024 година да биде уште потопла, бидејќи ќе ја започнеме со феноменот Ел Нињо, кој штотуку почнува да се создава и кој ќе го достигне врвот на крајот на оваа година“, нагласува Шмит.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми