1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јули беше најтопол месец откако се мерат температурите

ЕМФ | агенции
8 август 2023

Светот не памети толку топол јули откако се мерат температурите. Рекордно високи температури се регистрирани не само на земја, туку и во океаните.

лето температури термометар
Јули 2023-та беше најтоплиот месец во светот од почетокот на мерењето на температуритеФотографија: Christoph Hardt/Geisler-Fotopress/picture alliance

Јули 2023-та беше најтоплиот месец во светот од почетокот на мерењето на температурите. Како што е соопштено од европската Програма за набљудување на Земјата - Коперник, температурата на површината на Земјата била 0,72 степени над јулскиот просек од 1991 до 2020 година и 0,33 степени повисока отколку во најтоплиот регистриран месец до денес - јули 2019 година. Во тоа време глобалната просечна температура изнесувала 16,63 степени. Најтоплиот ден на светот досега бил 6 јули 2023 година, со глобална просечна температура од 17,08 степени.Температурата на површината на морето во јули била исто така исклучително висока, се вели во соопштението. На глобално ниво, таа беше 0,51 степени Целзиусови над просекот од периодот 1991-2020 година.

Многу дожд на север, горештина и суша на југ

За Германија, јули дефинитивно не беше рекорден месец, изјави експерт од Германската метеоролошка служба (ДВД). Споредено со подолг временски период, месецот беше претопол, но не беше рекорден ниту за јули ниту во генерални рамки. И во големи делови од северна Европа, како и помеѓу Црното Море и Украина, сѐ до северозападна Русија, имаше повеќе дожд од вообичаено. Во исто време, Италија и југоисточна Европа доживеаја необична суша. Според Коперник, на Јужниот Пол, каде што моментално владее зима, површината на мразот на морската површина се зголемила најмалку откако се почнати сателитските набљудувања. Според Коперник, просечната глобална температура била 1,5 степени над прединдустриското ниво (1850-1900) и со тоа над прагот што, според Парискиот климатски договор, не смее да се надмине долгорочно.

Најтоплиот ден на светот досега бил 6 јули 2023 година, со глобална просечна температура од 17,08 степениФотографија: ClimateReanalyzer

Рекордна ќе биде целата година?

Температурниот рекорд беше очекуван: Коперник и Светската метеоролошка организација (ВМО) уште во јули објавија дека светот е на пат кон нов температурен рекорд на глобално ниво. Според анализата на Коперник, глобалната просечна температура за целата година во моментов е 0,43 степени над просекот - а со тоа и трета највисока вредност измерена досега. Сепак, се очекува вредностите во наредните месеци да се приближат до претходната рекордна 2016 година, објаснуваат од Коперник. Во тоа време, втората половина од годината беше „релативно студена“, додека месеците до крајот на оваа година најверојатно ќе бидат „релативно топли“ поради временскиот феномен Ел Нињо.

Животните се разладуваат со сладолед и лубеница

01:23

This browser does not support the video element.

„Сериозни последици за луѓето и планетата“

„Податоците на Коперник се враќаат само до 1940 година, но климатските истражувања кои ја реконструираат историската клима врз основа на прстените на дрвјата или воздушните меури во глечерите сугерираат дека температурите во јули се без преседан илјадници години наназад“, изјави директорот на Коперник во Европскиот центар за среднорочна временска прогноза, Карлос Буонтемпо.

Климатски промени – Земјата забрзано губи билиони тони мраз

01:29

This browser does not support the video element.

„Овие рекорди имаат сериозни последици за луѓето и планетата, која е изложена на сè почести и поинтензивни екстремни настани“, предупреди заменик-директорката на Коперник, Саманта Бурџис. Таа вели дека дури и ако сегашното зголемување на температурите е само привремено, тоа јасно става до знаење колку итно мора да се намалат емисиите на стакленички гасови кои се главната причина за тоа.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми