1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиКина

Јужнокинеско море: Се заострува тонот меѓу Филипини и Кина

СН/агенции
23 октомври 2023

Филипини и Кина и денеска продолжија меѓусебно да се обвинуваат за двата судири на нивни бродови во спорното Јужнокинеско Море. САД ѝ изразија поддршка на сојузничка Манила во актуелните тензии со Пекинг.

Моментот на судирот меѓу кинески и филипински брод снимен од воздух
Моментот на судирот меѓу кинески и филипински брод снимен од воздухФотографија: Armed Forces of the Philippines/AP/picture alliance

По судирите меѓу филипинските и кинеските бродови во Јужнокинеското море, тонот меѓу двете земји значително се заостри.

Манила го свика кинескиот амбасадор на разговор, а Пекинг објави официјален протест.

Манила и Пекинг меѓусебно се обвинуваат за двата судири што се случија вчера во близина на гребенот каде што е стационирана филипинската морнарица, а Пекинг испраќа бродови за да го утврди своето право на територијата.

Пекинг полага право на речиси целото Јужнокинеско Море и покрај ривалските претензии на Филипини, Виетнам и на Малезија, и ја игнорира меѓународната пресуда од 2016 година која беше против Кина.

Портпаролката на филипинското Министерство за надворешни работи, Тересита Даза, изјави за новинарите дека Манила целосно ги користи дипломатските процедури со кои располага и оти утринава го поканила кинескиот амбасадор на разговор. Тој не можел да дојде и го испратил својот заменик на состанок организиран од Министерството за надворешни работи на Филипини.

Филипините ја обвинија Кина за „зголемување на тензиите“ во Јужнокинеското мореФотографија: Armed Forces of the Philippines/AP/picture alliance

„Гребенот Ајунгин е дел од нашата ексклузивна економска зона и континентално плато, и ние имаме суверени права и јурисдикција над него“, рече портпаролката на филипинското министерство, користејќи го филипинското име за гребенот во рамки на островите Спратли, наречен и Втор Томас гребен.

На гребенот право полагаат повеќе земји, но во моментов таму се наоѓа филипинската морнарица.

Пекинг денеска преку дипломатски канали испрати официјална протестна нота до Филипини во која изрази „силно незадоволство“ и „цврсто противење“ по „упадот“ на филипинските бродови околу спорниот гребен, соопшти кинеската амбасада во Манила.

Судирите се случија додека Филипини вршеа редовна мисија за снабдување на своите војници на оваа изолирана позиција, на околу 200 километри од филипинскиот остров Палаван и повеќе од 1.000 километри од најблискиот кинески остров Хаинан.

Брод на кинеската крајбрежна стража и пловило кое било покрај него вчера удрија во брод за снабдување на филипинската морнарица кај спорниот гребен, соопштија филипинските власти. Инцидентот ги зголеми стравовите околу избувнување на вооружен конфликт во спорното

Јужнокинеско Море.

Судирите на бродови се ново жарче за тлеечкиот спор околу Јужнокинеското мореФотографија: Armed Forces of the Philippines/AP/picture alliance

Кинеската крајбрежна стража соопшти дека филипинските бродови илегално навлегле во, како што наведе, кинеските води „без дозвола“ и покрај постојаното радио предупредување, поради што кинеските бродови ги запреле. Во соопштението за судирите се обвинуваат филипинските бродови.

Во 1999 година, Филипини намерно заглавија воен брод на тој атол со цел да распоредат трупи и да ги нагласат своите територијални претензии.

Бродот оттогаш е извор на тензии меѓу Пекинг и Манила.

Вашингтон, воениот сојузник на Манила, ги поддржа Филипини и во соопштението на Стејт департментот ги осуди „опасните дејствија“ на кинеската крајбрежна стража и поморската милиција со кои се прекршува меѓународното право.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми