Kриза на израелската влада
2 декември 2004Според досегашните најави Шарон се стреми кон создавање голема коалиција со Лабурситите, која би му донела и доволно мнозинство за плановите за расформирање на еверејските населби во Појасот Газа. Доколку тоа не се оствари, тогаш ќе мора да бидат распишани предвремени избори, што ќе го одложи заживувањето на мировниот процес на Блискиот исток.
Слични проблеми го преокупираат и раководството на Палестинците. На претстојните избори за нов претседател ќе се кандидира и Марван Баргути, веројатно најомилениот палестински политичар, кој меѓутоа е осуден на доживотен затвор поради организирањето атентати врз израелски цели. Баргути претходно најави дека нема да се кандидира и дека со тоа ќе го поддржи кандидатот на неговото Фатах движење, Махмуд Абаз. Но, по консултациите со најбилските соработници и со семејството, сопругата на Баргути соопшти дека тој сепак ќе се кандидира. Ова се толкува како отворено фрлена ракавица на старата грда. Прашање е меѓутоа колку од Палестинците би гласале за кандидат, кој е навистина многу омилен, но сепак се наоѓа во израелски затвор и со тоа му е значително ограничена можноста за контакти. Дел од експертите сметаат дека Баргути се обидува на овој начин да издејствува сепак помилување и излегување на слобода.