1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

Кој им ги отвори затворските врати на осудените за 27 април

ДТЗ
23 јули 2024

Законот за извршување на санкции доживеа измени во март 2024 година, но според познавачите на проблематиката, тоа не е доволно, бидејќи сè уште има простор за евентуални злоупотреби на правото на отпуст.

затвор
Како членот 225 им ги отвори затворските врати на петмина осудени за 27 април?Фотографија: Petr Stojanovski

Петмина осудени за настаните од 27 април 2017 година во Собранието во наредните 30 дена ќе бидат на слобода, откако добија право на прекин на казна поради лекување. Од затворот во Штип информираа дека прекин на казна од 30 дена имаат Јане Ченто, Александар Јаневски-Тошка, Оливер Поповски, Митко Чавков и Митко Пешев, а на 25 јули на слобода ќе излезе и Душко Лазаров, исто така со прекин на казна од 30 дена.

Потпис на ваквите решенија ставил директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, а во најава е дека уште неколкумина затвореници во наредниот перод би можеле да ја искористат можноста да излезат надвор од штипскиот затвор. Тие се повикале на членот 225 од Законот за извршување на санкции, којшто доживеа измени во март 2024 година, но кои, според познавачите на проблематиката, повторно оставија простор за евентуални злоупотреби на правото на прекин на казна.

Овој член предвидува дека на „осудени лица кои се на издржување казна затвор, директорот на Управата во најкус можен рок, а не подолго од 30 дена, донесува решение за прекинување на издржувањето на казната во траење до 30 дена, доколку има потреба или се наоѓа на болничко лекување од потешка акутна болест, зависности или породување“.

Претходно овој член имаше поширок опфат - тој предвидуваше прекинување на издржувањето на казната во траење до 30 дена ако има потреба или се наоѓа на болничко лекување од потешка акутна болест, зависности или породување, ако се случила смрт или тешка болест во потесното семејство на осуденото лице или поради работи предизвикани од елементарна непогода.

Искуствата во минатото покажале дека овој член може да се злоупотреби, поради што и биле направени законски измени. Но, и тие се покажале како недоволна заштита. Имало иницијативи сосема да се избрише оваа одредба со цел да се спречат злоупотреби, но ваквата идеја не била прифатена од работната група којашто работела на законските измени.

„Прекинот на казна треба да е работа и одлука на судот, а не на Управата за извршување на санкции“, велат поранешни раководни лица од Управата за извршување санкции. 

„Отпустот на затворениците треба да е работа и одлука на судот, а не на Управата за извршување на санкции“, вели Јовица СтојановиќФотографија: DW/P. Stojanovski

„Немав право да ги одбијам“

Пандов на прес- конференција во понеделникот потврди дека одобрил повеќе барања, без притоа да изнесува детали за нив. Но, тврди дека немал право да ги одбие. 

„Како в.д. директор единствено што можам е ако дојде барање од затворник кој ќе достави документација дека има акутен здравствен проблем, потпишан од специјалист, дека мора да изврши здравствен зафат, јас немам право да го одбијам. Факт е дека неколку, сега немој да ме фаќате за збор, за тројца-четворица-петорица, во меѓувреме откако ја извршувам функцијата, се дојдени такви барања и потпишани се од моја страна“, рече Пандов.

Дел од медумите објавија дека осудениците се пуштени поради здравствени проблеми и потреба од физикална терапија, но според познавачите, спорна и е дијагнозата поради која што е дозволен прекинот на казната, особено што станува збор за дело за коешто лицата се осудени на повисоки затворски казни. Станува збор за поголема група осудени лица за организиран напад на Собранието, коешто се случи на 27 април 2017 година, а некои од нив добија и по 15 години затвор.

Скандалозен чин

Опозициската СДСМ ваквиот потег го оцени како скандалозен чин на узурпирање на институцијата. „За само две недели од раководството на Пандов четворица осудени за '27 април' со условна казна излегоа од штипскиот затвор? Како беше ослободен Јане Ченто, осуден за насилството со неговата фирма на 27 април? Како беше ослободен Александар Јаневски Тошта, исто така осуден? Како беа ослободени од штипскиот затвор осудените Оливер Поповски и Митко Пешов? Како е можно со потписот на Пандов некој да има пауза од 30 дена казна? Ова се прашањата на кои Пандов мора да одговори“, обвинуваат од СДСМ.

Упадот на 27-ми април 2017 година во парламентотФотографија: picture-alliance/dpa/B. Grdanoski

Одлуката да излезат од затвор дел од осудените за 27 април, поради лекување, се носи во истиот ден кога новиот директор на Управата за извршување санкции, Александар Пандов на прес-конференција рече дека затворите се како „хотел-промаја“ и дека затвореници кога сакаат, влегуваат и излегуваат од затворот „Скопје“. 

Пандов, заедно со двајца службеници од Управата, во петокот влегле во затворот и по список проверувале дали сите затвореници се на број. Според списокот, во затворот требало да има 180 лица, но вонредниот инспекциски надзор покажал дека недостасуваат 11 затвореници. Десет од нив во текот на ноќта во различни интервали се вратиле во Шутка, но утрината повторно четворица избегале.

На ова реагираше директорот на затворот „Скопје“, Филип Андов-Сокол, кој најави тужба против Пандов.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми