1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаГлобално

Како да се справите со зимската депресија

4 февруари 2023

Со зимата доаѓа и лошото расположение. Еве неколку совети против зимскиот „блуз“ и како да ги преживееме студените, сиви денови додека конечно повторно не стане светло и повесело.

Зимските месеци на северната хемисфера се често студени, влажни и депресивни
Зимските месеци на северната хемисфера се често студени, влажни и депресивниФотографија: Moritz Frankenberg/dpa/picture alliance

Лето: Се движиме полетно, полни сме со енергија, уживаме во сонцето и надвор сме колку што е можно почесто до доцните вечерни часови.

Зима: Наутро понекогаш се чувствуваме како во магла, летаргични сме. Единственото светло надалеку и нашироко е сјајот на светилката. По вечерата, софата и креветот буквално како да нѐ викаат. Таму, во темнина, можеме барем малку да се раскомотиме, а потоа само да спиеме.

За некои, студеното, темно годишно време може да стане толкав предизвик, што се развива болест наречена сезонски условена депресија(Seasonal affective disorder), позната и како САД.

САД е препознаена како ментално пореметување од 1984 година. Во оваа состојба, многу луѓе јадат повеќе, се движат помалку и спијат подолго. Во тешки случаи, таквото однесување може да доведе до социјална изолација.

Луѓето со САД страдаат од промени во расположението и недостаток на животна радост. Не можете да се заинтересирате вистински за ништо, се борите со поспаност и постојана тага и замор. Ова за возврат може да влијае на односите со партнерите, семејството и пријателите.

САД е малку истражена

Научниците сè уште не успеале да откријат што точно предизвикува САД. Можеби се работи за некој вид еволутивен мамурлак. Тоа е поврзано со вроденото однесување на цицачите да се затвораат во зима. Ние, луѓето, влегуваме во еден вид психолошки зимски сон, кој може да добие патолошки карактеристики.

Како можна причина за САД постојано се појавива и таканаречената теорија на серотонин. Хипотезата е дека во текот на зимските месеци произведуваме помалку серотонин бидејќи немаме голема изложеност на сончева светлина. Пониското ниво на серотонин, пак, често се смета за причина за лошо расположение и депресија.

Прекрасно зимско сонце - но ретко кога е толку идилично во зимаФотографија: Stefan Arendt/imagebroker/picture-alliance

Сепак, многу експерти сметаат дека ова е големо поедноставување на работите. Тие се уверени дека притоа се игнорира голем дел од сложената интеракција што постои помеѓу невротрансмитерите и емоциите.

Некои студии, освен тоа, сугерираат дека луѓето со САД произведуваат прекумерно мелатонин. Овој хормон го одржува нормалниот циклус на спиење и будење. Назима во крвта се ослободува повеќе мелатонин и тоа гарантира спиење.

Самите можеме да преземе чекори против САД

Истражувањата покажуваат дека светлосната терапија може да им помогне на многу пациенти со САД. Се покажа дека 30 до 60 минути дневно под специјални ламби, кои ги зрачат засегнатите со целиот видлив светлосен спектар, го подобруваат расположението на пациентите со САД. Сепак, терапијата се бори само против симптомите - успехот е само краткорочен.

Терапиите со разговор, како што е когнитивната бихејвиорална терапија (ЦБТ) или психолошкото советување, исто така може да помогнат. Кај потешките форми на болеста, лекарите препорачуваат и давање лекови како што се антидепресиви.

САД е особено честа кај луѓето на кои не им се непознати нарушувања како депресија или анксиозност, но исто така и кај луѓето кои страдаат од телесни проблеми како што се главоболки и ревматизам.

Токму во зима треба што почесто да излегуваме надворФотографија: Felix Kästle/dpa/picture alliance

Прилагодувањето на животниот стил ветува успех

За луѓето со помалку тешка САД, или за оние кои имаат само благ зимски „блуз“, следново може да помогне за подобро пребродување на темното годишно време и може да спречи меланхолијата и апатијата да станат поголем проблем:

- Техники за релаксација, внимание и медитација. Тие можат да помогнат да се намали нивото на стрес кое придонесува за САД. Дури и неколку минути медитација на ден може да ја зајакне нашата ментална благосостојба и да ја зголеми нашата самодоверба.

- Излегување надвор, особено во светлите и убави зимски денови, дури и ако такви денови има ретко. Дури и прошетка на дожд може да влијае добро. Конечно, во тој случај можеме барем да се радуваме на враќањето во нашиот сув и топол дом и топла шолја чај.

- Важно е секакво движење. Тоа вклучува дури и едноставни вежби за истегнување, бидејќи вежбањето е добро за природниот циклус на спиење.

- Социјалните контакти се исклучително важни. За оние кои страдаат од САД, може да биде примамливо повлекување во текот на мрачните зимски месеци и овид за избегнување средби. Сепак, одржувањето социјални контакти со пријателите и семејството може да помогне да се прекине психолошката надолна спирала.

- Многумина се колнат во земање додатоци на витамин Дза кревање на расположението. Но, ако не го прилагодиме малку нашиот животен стил на годишното време и наместо тоа се изолираме од надворешниот свет, тешка дека некаков ефект ќе имаат дури и таблетите.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми