1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како е да се биде дигитален номад во Македонија

02:16

This browser does not support the video element.

Емилија Петреска
21 мај 2024

Стабилна интернет врска и прекрасен поглед - Охрид е одлична комбинација за еден дигитален номад. Тоа е токму она што го примамилo и Крис Чера од Обединетото Кралство да дојде и скоро еден месец да ја „префрли“ својата канцеларија покрај Охридското Езеро.Оттаму го води својот животен стил, кој го започнал пред шест години.

Крис Чера, основач на RemoteBase, компанија за посредување сместување за дигитални номади, во моментов работи од Охрид. За своето работно секојдневие од овој македонски град вели:

„Секој ден е различен. Па така, денес времето е многу убаво, можеби ќе работам наутро, а потоа, попладне, ќе одмараме повеќе. Можеби кога ќе се стемни ќе работиме повторно. Во другите земји во регионот, искусивме дека повозрасната генерација има помалку познавање на англискиот јазик. Така што, моите очекувања при доаѓањето во Македонија беа дека слично ќе биде и овде. Но, всушност, кога првпат пристигнавме овде, видовме дека многумина од повозрасната генерација зборуваат навистина добро англиски. Дури пријателски луѓе во кафулињата ќе споделат шега со тебе на англиски јазик.“

Крис Чера вели дека секој ден е различенФотографија: Emilija Petreska/DW

Македонија станува топ дестинација за луѓето како Крис Чера. Но, како што вели, предизвик било да добие информации онлајн:

„Всушност, тоа го правите на стариот добар начин. Излегувате надвор и наоѓате место или го прашувате човекот во кафулето „Еј, каде одите на фризер?“, и така дознавате.“

Крис сака да се врати пак на работа од Македонија, но тогаш можеби во Скопје или Тетово

Дигиталното номадство не е за секого, особено ако за оние кои се носталгични за домот и пријателите. Но, ако се сака да се патува - ова е полн погодок:

„Мислам дека сега можеби е повеќе прифатено. За време на пандемијата, многу луѓе мораа да работат онлајн, така што сфатија дека ова е возможно. Но, претходно, можеби луѓето не сфаќаа навистина и си мислеа ’Еј, ти си на одмор постојано’. Тие не согледуваа дека единствениот начин да го направиш ова возможно е да работиш, и тоа да работиш посветено“, вели Крис Чера.

И покрај најавите, Македонија нема т.н. дигитална виза. Па така, странец може да остане до три месеци. Крис посакува да се врати пак и да ги посети Скопје и Тетово.
 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми