1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како германските фирми привлекуваат работници од странство

Верена Шмит-Рошман | Михаел Донхаузер | дпа
30 декември 2022

Три четвртини од работодавачите во Германија се жалат на недостиг на квалификувани работници. Но, само мал број од нив се осмелуваат да бараат работници во странство. Пречките се големи, пред сѐ во источна Германија.

Досега само 17 проценти од фирмите се обидуваат да регрутираат работна сила во странство
Досега само 17 проценти од фирмите се обидуваат да регрутираат работна сила во странствоФотографија: Monika Skolimowska/dpa/picture alliance

На крајот на краиштата, друга алтернатива нема, сигурен е Роберт Чајковски. Веќе сега во неговата фирма Терот, во Кемниц, има недостиг од работна сила која не може да се покрие со подмладок од Германија, ниту пак со колеги од земјите од ЕУ. Во иднина на сите ќе им требаат и вработени од трети земји, смета шефот на компанијата која произведува машини за плетење. „Проблемот мора да се реши, зашто друг излез нема.“

Но, за повеќето германски работодавачи, па и за Терот, иднината сѐ уште не започнала. Иакотри од четири компании се жалат на недостиг од квалификувани работници, , покажува новата студија на фондацијата Бертелсман. Некои причини се од домашно производство, како што е борбата за виза, за признавање на дипломите и на работното искуство. Во овој дел министерот за труд Хубертус Хајл планира поедноставување на процедурите.

Германија не е прв избор

Сепак, Германија не е секогаш прв избор за добро обучените професионалци. И, тоа не се должи само на комплицираниот јазик. „Во Германија сѐ уште нема дух на доселеничка земја“, изјави шефицата на Сојузната агенција за работа, Андреа Налес, за порталот t-online. Пречките се особено големи надвор од големите градови, а во источна Германија се поголеми отколку во западниот дел на земјата.

Менаџерот Чајковски ја поддржува иницијативата „Економијата за кон светот отворена Саксонија“, која, по ксенофобните инциденти во покраината, се залага за култура на добредојде и помага при интеграцијата. И Кемниц се најде во медиумите кога во август 2018 година имаше безредија против луѓе кои излегаа како мигранти. Лошиот имиџ на Саксонија, меѓутоа, не е причина зошто Терот досега не привлекува стручна работна сила во странство. „Сѐ уште не сме се одлучиле на ваков чекор“, вели 53-годишниот Чајковски.

„Чекањето на визата за Германија е најтешко“

02:28

This browser does not support the video element.

Тука се долгиот процес на конкурирање, признавање на дипломите, бирократијата, трошоците. „Дури и за да најдете еден прост работник, потребен ви е 'скаут'“, вели Чајковски. Потоа, на новите работници им е потребно сместување, настава по германски јазик, помош кога ќе пристигнат. „Ако по четири недели оцениме дека лицето е стручно или како личност несоодветно, тогаш имаме огромни тешкотии.“

Кон тоа треба да се додаде и факторот искуство - онаму каде што живеат малку странци, малкумина и се населуваат, затоа што дојденците се надеваат на поддршка од заедницата.

Бројките се безмилосни

Сара Пиренкемпер од Институтот за германска економија во Келн ги има бројките: во 2021 година во источна Германија дошле 15.000 квалификувани работници, а на ниво на целата држава тој број е 140.000.

#DE_facto: Сѐ повеќе луѓе од Западен Балкан легално работат во Германија

02:36

This browser does not support the video element.

Според податоците на Сојузната агенција за работа во Нирнберг, во западна Германија моментално со платени придонеси работат два милиони луѓе од земји кои не се членки на ЕУ, односно уделот во вкупниот број вработени е 7,5%. Бројката е за 700.000 поголема од

онаа во 2017 година. Во Источна Германија уделот е 5,3%. Сепак, во споредба со 2017 година апсолутната бројка е дури двојно зголемена - 336.563.

Источна Германија го фаќа чекорот, смета Ванеса Ахуја, членка на раководството на Сојузната агенција за труд. Таа за ДПА вели:

„Тоа е важно и добро, бидејќи демографските промени се случуваат како на запад, така и на исток. Ни требаат квалификувани работници имигранти од трети земји, за германскиот пазар на труд да продолжи добро да функционира.“

Добро искуство со странците

Човек кој со тоа има добро искуство е Франк Валтер, раководител на одделот за обука во фирмата за изградба на електрични постројки ХБС во Етерсдорф, кај Шлајц. Ова место во покраината Тирингија брои 881 жители. Првиот странец таму се појавил пред околу 10 години, се сеќава 37-годишниот Валтер. Оттогаш се променети многу нешта. Зашто, ХБС, според Валтер, во меѓувреме во сопствениот центар за обука обучил околу 350 млади луѓе.

Повратник од Германија живее од сточарство и земјоделство

02:21

This browser does not support the video element.

Сѐ почнало со привлекување работници во Шпанија, но компанијата платила за своето неискуство. Валтер се сеќава дека во Шлајц доаѓале млади луѓе од Мадрид и прашувале: Па, каде е метрото, каде е фудбалскиот стадион? „Тие овде не се чувствуваа доволно добро.“

- повеќе: Секој единаесетти вработен Германец работи повеќе од 48 часа неделно

Потоа следувале Романци и Бугари, а подоцна Украинци, Белоруси, Руси и други. Фирмата оди во земјите на потекло, во училиштата, и нуди брз курс по германски и двонеделна пробна работа. Организира и разговори со родителите, затоа што бара исклучиво луѓе за обука, а ги подготвува и младите луѓе за она што ги чека - провинција, прекрасно опкружување среде Тирингија, но прилично на страна.

Помошта на македонските момчиња 

„Кај нас функционираше добро. Но, вложивме и многу енергија“, вели Валтер. И покрај огромниот труд, сето ова се исплати за фирмата, зашто таа ги пополнува местата за обука - 30 до 40 годишно - и не се намалува. Кога младите се интегрирани во спортски клуб или во местото, тогаш и остануваат - не сите, но многумина, потенцира Валтер.

Етерсдорф се прилагодил. Валтер раскажува за постар човек, кој бил воодушевен кога две македонски момчиња му помогнале кога му се расипал автомобилот. На младите кои доаѓаат на обука од далеку се радува и градоначалникот Јирген Тенс. „Има добри примери за тоа како оние што се обучуваат се интегрирале во местото и учествуваат во заедницата“, соопшти тој преку својата протпаролка.

Германските болници полни со медицински сестри од Балканот

02:45

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми