1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаСоединети Американски Држави

Калифорнија соочена со „опасна божиќна бура“

ЕМФ / афп
25 декември 2025

Калифорнија се соочува со опасна божиќна бура со силни дождови, ветрови до 88 км/ч и ризик од поплави, одрони и свлечишта. Лос Анџелес прогласи највисока тревога, илјадници се без струја, а властите наредија евакуации.

САД Лос Анџелес 2025 | Поплавен автопат 5 во долината Сан Фернандо по обилни дождови
Поплавен автопат во долината Сан Фернандо во Калифорнија по обилни дождовиФотографија: Jonathan Alcorn/ZUMA/picture alliance

Калифорнија се подготвува за „опасна божиќна бура“. Американската метеоролошка служба (НВС) зборуваше за бура која претставува голема закана за „имот и животи“.

Во јужниот дел на оваа сојузна држава во САД до четврток наутро (по локално време) е прогласено највисоко ниво на тревога.

Во Лос Анџелес паднати дрвја ги блокираат улиците. Илјадници луѓе останаа без електрична енергија.

Предупредувања за поплави, одрони и силни ветрови

Се очекуваат „тешки, широко распространети поплави“, предупреди НВС. Бурата може да донесе и брзина на ветер до 88 километри на час.

„Ако планирате да патувате за време на божиќните празници, ве молиме преиспитајте ги вашите планови“, изјави метеорологот на НВС, Ариел Коен, пред новинарите. „Во многу области веројатно ќе има значителни поплави, како и одрони и лавини со кал, особено во високите предели и на патиштата низ кањони“, додаде Коен.

билни снежни врнежи на реката Јужен Хемпшир во близина на Траки, КалифорнијаФотографија: Tayfun Coskun/Anadolu/picture alliance

Во ноќта кон среда веќе имаше силни врнежи во регионот. Во меѓувреме властите во Лос Анџелес издадоа предупредување за торнадо, но подоцна го повлекоа. Во средата наутро (24.12) беа видливи првите последици од бурата: паднати дрвја ги блокираа улиците, делумно имаше поплави. Неколку важни патишта беа затворени поради предупредувањето за поплави, а во илјадници домаќинства немаше струја.

„Атмосферска река“ носи рекордни врнежи во јужна Калифорнија

Временскиот феномен наречен „атмосферска река“, според НВС, може да донесе повеќе од 30 сантиметри дожд во некои општини во јужна Калифорнија. Атмосферските реки се струи во атмосферата кои носат огромни количества водена пареа од тропските предели и ја пренесуваат во постудени региони. Таква струја треба да се спушта над јужна Калифорнија до крајот на неделата.

Во вторникот властите во Лос Анџелес наредија евакуација на повеќе од 200 домаќинства. Неколку засолништа за итни случаи во регионот ги отворија своите врати за луѓето евакуирани од нивните домови.

Евакуации и ризик од свлечишта во Пацифик Палисејдс и Малибу

Од невремето особено погодени може да бидат луксузните предградија на Лос Анџелес, Пацифик Палисејдс и Малибу, каде пред речиси една година беснееше разорен пожар. Поради најавените силни врнежи таму се стравува од тешки свлечишта.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми