1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаКанада

Канада најави борба против иранската Револуционерна гарда

ЕМФ / ртр
20 јуни 2024

Канада ја означи иранската Револуционерна гарда како терористичка организација и најави борба против нејзините активности со сите средства.

Иран l  Припадници на иранската Револуционерна гарда на собир по повод годишнината од Исламската револуција
Припадници на иранската Револуционерна гарда на собир по повод годишнината од Исламската револуција (Техеран, 11.02.2023)Фотографија: Morteza Nikoubazl/NurPhoto/picture alliance

Канада ќе ги искористи сите средства што ѝ стојат на располагање  за да се бори против терористичките активности на иранската Револуционерна гарда, изјави канадскиот министер за јавна безбедност Доминик ЛеБланк. Одлуката за означување на Револуционерната гарда како терористичка организација е донесена врз основа на „многу силни и уверливи докази“, нагласи ЛеБланк на прес-конференција во Отава. Засега нема реакција од страна на Иран.

Со овој чекор Канада ги следи САД, кои во април 2019 година направија сличен потег. Канада како терористичка група веќе ги има означено бригадите Кудс на Револуционерната гарда. Владата во Отава ги прекина дипломатските односи со Иран во 2012 година.

Според медиумски извештаи од април и мај годинава, Револуционерната гарда би можела да се најде и на листата на терористички организации која ја води ЕУ. Западните влади ја обвинуваат Револуционерната гарда за низа терористички напади и планови. Таа е основана во 1979 година, по Исламската револуција во Иран, со цел да го заштитува иранскиот систем. Елитните единици контролираат големи делови од воените сили, како и ракетната програма, а освен тоа имаат и големо влијание врз политиката и економијата на Иран.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми