1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаКанада

Канадскиот парламент по грешка чествуваше нацист

01:28

This browser does not support the video element.

27 септември 2023

Во Канада избувна скандал откако беше откриено дека 98-годишниот Јарослав Хунка во младоста бил нацист. Претходно, Хунка беше честуван во националниот парламент како украински и канадски херој.

98-годишник кој се борел за нацистите во Втората светска војна и доби две стоечки овации во канадскиот парламент. 

Ова се случи за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски.  

Подоцна, канадскиот премиер Џастин Трудо го нарече скандалот срамен. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и канадскиот премиер Џастин Трудо во канадскиот парламентФотографија: Patrick Doyle/AP/picture alliance

„Очигледно е многу вознемирувачки ова што се случи. 
Ова е длабоко засрамувачко за парламентот на Канада и за сите Канаѓани“, рече Трудо. 

Спикерот на парламентот Ентони Рота го претстави Јарослав Хунка во парламентот како воен херој кој се борел против Русите во Втората светска војна.  
„Тој е Украински херој, Канадски херој и му се заблагодаруваме за службата.“  

Еврејските организации подоцна открија дека Хунка се борел во украинска единица која им служела на нацистите. Членови на единицата биле обвинети за убиства на Полски и Еврејски цивили 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми