1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиШвајцарија

Кран-Монтана: Пожарот веројатно предизвикан од пиротехника

СН/агенции
2 јануари 2026

Катастрофалниот пожар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана е веројатно предизвикан од огнените прскалки на шишиња шампањ, соопштија властите. Во пожарот загинаа 40 лица а 119 се повредени, повеќето потешко.

Момент од новогодишната прослава на кои луѓе држат шишиња со пенливо вино на кои има огнени прскалки
Огнени прскалки на шишиња шампањ: Момент од новогодишната прослава во барот „Ла Констеласион“ непосредно пред избувнувањето на пожаротФотографија: Content Curation/IMAGO

Швајцарските власти за првпат излегоа со можната причина за катастрофата на новогодишната ноќ во барот „Ла Констеласион“ во монденскиот скијачки центар Кран-Монтана. Во фокусот е новогодишната пиротекника. 

„ Сето укажува на тоа дека пожарот започнал од огнените прскалкки таканаречени ‘бенгалски огнови’ кои биле прикачени на шишиња шампањ“, изјави главната државна обвинителка на кантонот Вале, Беатрис Пијо, на денешната прес-конференција „Огнените искри допреле до таванот каде набргу избувнал  пожар кој се проширил многу брзо.“, додаде Пијо. Според неа, оваа хипотеза е веројатна, но сè уште не е потврдена. Брзото ширење на огнот можеби било потпомогнато од акустичната пена за звучна изолација на таванот. Се истражува нејзината употреба, но засега нема конкретни заклучоцу, додаде Пијо. За оваа анализа беа разгледани видео снимки и изјави од сведоци.

Бројни повредени од Кран-Монтана со тешки изгореници беа пренесени со авион во други европски земјиФотографија: Lisa Leutner/REUTERS

Според шефот на полицијата на кантонот Вале, Фредерик Гислер, досега се идентификувани 113 од вкупно 119 повредени. Меѓу нив се 71 Швајцарец, 14 Французи, 11 Италијанци и четворица Срби. На медицински третман во соседните европски земји се префрлени 50 повредени, изјави претседателот на кантонот Вале, Матијас Ренар, на конференцијата.

Меѓу земјите кои ги примија повредените се Италија, Франција и Германија. Полска и Европската комисија, исто така, понудија медицинска помош. Идентификацијата на околу 40 жртви од пожарот сè уште е во тек, додаде шефот на полицијата Гислер. Тоа е процес што бара време, а полицијата се потпира на помошта на бројни експерти. телата често се изгорени до непрепознатливост. Една од првите жртви беше идентификуван 16-годишниот италијански голфер Емануеле Галепини.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми