1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кавга меѓу Германија и Турција поради „волчјиот поздрав“

БГ/ ДПА
4 јули 2024

Германското министерство за надворешни работи го повика на разговор турскиот амбасадор во Берлин, по скандалот поради контроверзниот поздрав на турски фудбалер за време на Европското првенство во фудбал.

Мерих Демирал Турција Австрија
Мерих Демирал го прогласува голот против Австрија на ЕП во фудбалФотографија: Michael Taeger/Jan Huebner/IMAGO

Откако Турција во средата го повика на разговор германскиот амбасадор во Анкара, Германија денеска возврати со иста мерка во Берлин. Повод за најновата дипломатска размена меѓу двете земји е скандалот кој го предизвика турскиот фудбалер Мерих Демирал, кој ја славеше победата на неговата репрезентација над Австрија со ткн. „волчји поздрав“- симбол на екстремистичката турска организација „Сиви волци“, која пак е поврзана со турската владејачка екстремистичка партија Партија на национално движење (МХП).

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер го осуди однесувањето на Демирал, а реагираа и други политичари и групи за човекови права. УЕФА во средата соопшти дека отворила истрага против Демирал за „несоодветно однесување“. 

„Волчјиот поздрав“ на Мерих Демирал по мечот со Австрија на ЕП во фудбалФотографија: Ebrahim Noroozi/AP Photo/picture alliance

Потенцијалната казна би можела да го оддалечи од теренот на четвртфиналниот дуел против Холандија, кој е закажан за в сабота.

„Дел од идентитетот“ 

Демирал по мечот рече дека гестот е дел од неговиот „турски идентитет“, и дека немало никаква скриена порака.

„Видов луѓе на стадионот кои поздравуваа на ист начин. Сите сме Турци, а јас сум многу горд на тоа, и поздравот се однесуваше на тоа. Само сакав да покажам колку сум среќен и горд“, изјави тој. 

Во Турција, лидерот на ултранационалистичката МХП, Девлет Бахчели ја оцени истрагата на УЕФА како „провокација“. Турското МНР ја опиша истрагата како „неприфатлива“, и додаде дека не секој кој поздравува со симболот на „Сивите волци“ треба да биде сметан за екстремист. Според официјална Анкара, реакцијата на германските власти била „ксенофобична“. 

„Волчјиот поздрав“ не е забранет во Германија, како ни организацијата „Сиви волци“, за разлика од други европски земји како Австрија и Франција.  

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми