1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

Случај „Ласкарци“: 14 години затвор за возачот на Дурмо турс

ДТЗ
25 јануари 2024

По неколку години - епилог на судењето за несреќата кај Ласкарци, во која животот го загубија 16 патници, а над 30 беа повредени.

Ласкарци автобуска несреќа
Автобуската несреќа се случи во февруари 2019 година и во неа животот го загубија 16 патници, а над 30 беа повредениФотографија: Getty Images/AFP/Str

Кривичниот суд во Скопје денеска (25.01) ги прогласи за виновни шестемина обвинети за несреќата кај Ласкарци и им изрече затворски казни од вкупно 39 години затвор. По неколку години од отворањето на судскиот процес, по бројни вештачења и супервештачења, судот пресуди дека возачот Маноил Трифуновски, Дурмиш Белули, сопственик и управител на Дурмо Турс, Ремзи Мифтари, одговорен за превозот во компанијата, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски, Јане Бобаровски се виновни, бидејќи не се придржувале до стандардите за превоз на патници. Со тоа предизвикале опасност по животот и здравјето на патниците.

Затворски казни

Највисока казна доби возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кој е осуден на 14 години затвор. Дурмиш Белули, сопственикот и управител на Дурмо Турс, е осуден на четири години затвор, Ремзи Муфтари, кој бил одговор за траснспорт, е осуден на 6 години, додека тројца вработени во станицата за технички преглед добија по 5 години затвор. 

Автобуската несреќа се случи во февруари 2019 година и во неа животот го загубија 16 патници, а над 30 беа повредени. 

Обвинетите се товареа за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за соучество во истото дело. Во доказната постапка беа изведени бројни докази, а беше направено вештачење и супервештачење. Јавниот обвинител Дарко Јакимовски во завршните зборови побара најстрога казна за обвинетите. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми