1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кешот им создава мака на многумина, но има и свои предности

13 мај 2024

Која е иднината на парите? Дали кешот ќе исчезне? Германската Бундесбанка смета дека тоа нема да се случи засега. Но, се повеќе и повеќе ќе се плаќа дигитално. Тоа има бројни предности и бројни слабости.

банкомати банка
Банкоматите се скапи за деловните банкиФотографија: Frank Hoermann/SVEN SIMON/IMAGO

Веројатно никој досега не се заразил со коронавирусот бидејќи допрел хартиени пари или монети, барем ниту еден случај не е потврден. Но, за време на пандемијата навистина имаше продавници кои не само што ги поттикнуваа клиентите да користат картичка или да плаќаат по телефон, туку и одбиваа готовина.

Пандемијата го прошири безготовинскиот начин на плаќање: според истражувањето на институтот ЕХИ од Келн, во 2017 година во Германија 74 отсто од купувањата во малорподажба биле платени со готовина, во 2021 година - 58 отсто, а минатата година паднале на само 37,5 отсто. 

Како што исчезнаа златниците, така може и хартијата 

Дигиталниот трансфер станува полесен и попопуларен и не би било првпат целосно да се смени начинот на размислување за парите. Германија всушност имала монета од скапоцен материјал до 1975 година - „старата“ монета од пет марки била направена од легура на сребро во време кога речиси и да немало златни и сребрени монети како во старите времиња.

Но, поддршка за „обичните“ пари неделава пристигна од Бундесбанката, централната банка на Германија. Таму беше претставена студијата „Кеш на иднината“ каде се анализираат предностите и недостатоците на можните идни сценарија.

Првиот е „хипердигиталниот свет на плаќања“ во кој готовината практично исчезна од оптек, едвај може да се подигнат пари некаде или да се плати со нив. Дури и меѓу познаниците, парите се префрлаат дигитално.

Друга визија е „ренесансата на готовина“ каде што на луѓето им стана јасно дека дигиталните форми на плаќање имаат големи недостатоци - зависите од исправен уред и од интернет, ранливи сте на хакерски напади и лесно може да дознае што сте купувале и каде сте биле - со што вашата приватност практично повеќе ја нема.  

И парите се проблем 

Во време се чини дека ретко кој се грижи колку е „транспарентен“ неговиот приватен живот, најверојатно е третото сценарио: „Постепено исчезнување на хибридниот начин на плаќање“.

Како резултат на комоција, но и поради тоа што на банките им е скапо да одржуваат банкомати, но и се потешко се доаѓа до готовина, во догледна иднина ќе ги има двата начина на плаќање, иако безготовинското ќе биде сè пораспространето.

Претседателот на Бундесбанк, Буркхард Балц, е свесен дека „светот на парите во Германија и во Европа се менува“, но вели и дека должност на централната банка е да гарантира непречена циркулација на парите.

Особено во кризни ситуации не е лошо да се има некој кеш при рака, а таа сума на пари веќе помага за стабилноста на целиот систем.Фотографија: picture alliance/dpa/A. Gebert

За сите централни банки, готовината е потфат - треба да се испечати, но потоа и да се заштити од крадци и влага, глодари и сите можни несреќи. Потоа има фалсификатори, парите што се скинати или уништени треба да се проверат и да се заменат...

А всушност, сите пари што ги има една земја и онака никогаш не се потребни на хартија - се печати само дел од тоа што се поседува.

Балц зборува за еден вид парадокс: Германија е принудена да печати се повеќе пари, бидејќи очигледно многу луѓе сè уште држат големи суми пари под перница.

На почетокот на емисијата на еврото, Германија печатеше 165 милијарди евра, сега речиси 400 милијарди, иако готовината во оптек се намалува. Но, во принцип, Балц е и застапник на „хибридната“ форма: добро е да се имаат и дигитални и „вистински“ пари. 

Имајте кеш за секој случај  

Особено во кризни ситуации не е лошо да се има некој кеш при рака, а таа сума на пари веќе помага за стабилноста на целиот систем. Постои и опасност од паѓање на компјутерските системи, но и фактот дека надзорот на дигиталните трансфери е многу често некаде во странство. „За нас како Бундесбанка, но и како евросистем, затоа е сосема јасно дека и готовината треба да постои во иднина“, рече Балц.

Во тоа го поддржува и Нилс Наухаузер, финансиски експерт на Центарот за заштита на потрошувачите на покраината Баден-Виртемберг. Тој вели дека не само што луѓето откриваат многу за себе и за своите навики преку дигиталните плаќања, туку проблемот е што сите тие податоци остануваат во виртуелниот свет.

И кога илјадници такви податоци ќе паднат во погрешни раце, тогаш започнува вистинската неволја. Покрај тоа, се чини дека полесно е да се плати со картичка, додека во паричникот веднаш може да се видите дали е полн или празен. Овој експерт затоа вели дека презадолжувањето е многу полесно со „невидливи“ пари. 

Судбината на кешот 

Токму Бундесбанката ќе разговара со клучните актери за судбината на готовината, со претставници во трговијата и со комерцијалните банки. Продавниците всушност скапо го плаќаат безготовинското пазарење - тоа оди до неколку проценти од сумата што ја плаќа купувачот.

Но, имаат и предности: нема пребројување на парите или ризик да исчезне банкнота или да се врати погрешен кусур, нема транспорт, туку се веднаш легнува на нивната сметка.

Комерцијалните банки попрво би се збогувале со готовината: немаат корист кога некој ќе подигне пари, а синџирот на филијали и банкомати е само трошок. 

Ќе се укине ли плаќањето во готово?

02:37

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми