1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Киев: Белорусија ги засилува трупите на заедничката граница

ЖА
26 август 2024

Белорусија трупа војници во пограничниот регион со Украина, соопшти украинското Министерство за надворешни работи. Украина го повика соседот „да не прави трагични грешки под притисок на Русија“.

Границата меѓу Украина и Белорусија
Границата меѓу Украина и БелорусијаФотографија: Belarus State Border Committee/dpa/picture alliance

Украина ја обвини својата соседна земја Белорусија, која е сојузник со Русија, дека концентрира војници на границата со Украина. Министерството за надворешни работи во Киев во неделата соопшти дека украинските разузнавачки служби забележале дека Белорусија „собрала значителен број сили во регионот Гомел во близина на украинската граница под плаштот на воени вежби“.

Киев ја предупреди  Белорусија да не прави  „трагични грешки“ под притисок на Русија. Белоруската армија мора да престане со своите „непријателски акти“. Министерството за надворешни работи ги повика белоруските вооружени сили да ги повлечат своите војници од границата и да се движат на растојание од украинската граница што е поголемо од дострелот на белоруските ракетни системи.

Киев, исто така, соопшти дека открил присуство на  борци од руската платеничка група Вагнер, од кои некои беа преземени од Белорусија по неуспешниот бунт на нивниот шеф Евгениј Пригожин во Русија во јуни 2023 година.

Украина предупреди дека воените вежби во граничната област претставуваат закана за „глобалната безбедност“ поради близината на нуклеарната централа во Чернобил, како што истакнува Министерството во Киев.

Изјавата на МНР дојде во позадина на украинската офанзива во руската погранична област Курск. Од 6-ти август, Украина таму пријави значителни придобивки на теренот. Во исто време, Русија напредува натамошно во источна Украина.

Белорускиот владетел Александар Лукашенко  пред неколку дена најави засилување на воените трупи кон границата со Украина. Како причина за ова, тој повторно ги наведе големите концентрации на војници на украинската страна. Украина има стационирано до 120.000 војници таму, тврдеше тој во едно интервју, но не достави никаков доказ за своето тврдење. Белорусија нема многу свои војници, според проценките, има помалку од 48.000 војници.

Иако  Белорусија е сојузник со Русија,  таа не е активно вклучена во војната против Украина. Меѓутоа, во февруари 2022 година, Лукашенко им дозволи на руските трупи да напредуваат од Белорусија во Украина. По тешките неуспеси и загуби во обидот за напредување кон Киев, овие руски единици мораа да се повлечат.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми