1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Киев го критикува Милановиќ поради изјавата за Крим

ЕМФ / ртр
31 јануари 2023

Украинското МНР го критикува хрватскиот претседател Зоран Милановиќ поради неговата изјава дека е „јасно оти Крим никогаш веќе нема да биде дел од Украина“.

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ е критикуван од Киев поради изјавата дека е „јасно дека Крим никогаш веќе нема да биде дел од Украина“Фотографија: Bernd von Jutrczenka/dpa/picture alliance

Украинското Министерство за надворешни работи смета дека вчерашната (30.01) изјава на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во врска со Крим е неприфатлива. „Сметаме дека е неприфатлива изјавата на претседателот на Хрватска, кој ефективно го стави под прашање територијалниот интегритет на Украина“, напиша на Фејсбук портпаролот на украинското МНР, Олег Николенко.

Милановиќ смета дека она што Западот го прави со Украина „е длабоко неморално затоа што не носи решение (за војната)“. Хрватскиот претседател при посета на воена касарна во градот Петриња рече дека доаѓањето на германски тенкови во Украина ќе послужи само за приближување на Русија кон Кина. „Јасно е дека Крим никогаш веќе нема да биде дел од Украина“, речеМилановиќ.

Во декември минатата година хрватските пратеници отфрлија предлог за приклучување на земјата кон мисија на ЕУ за поддршка на украинската армија, што ја отсликува длабоката поделеност помеѓу Милановиќ и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. Милановиќ е гласен критичар на западната политика во Украина и вели дека не сака неговата земја да се соочи со, како што вели, потенцијално опасните последици поради војната во Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека ќе ја обнови украинската власт над Крим, кој Русија го зазеде и анектираше во 2014 година, потег што повеќето други земји не го признаваат.

Русија тврди дека референдумот одржан откако руските сили го окупираа полуостровот покажал дека кримјаните навистина сакаат да бидат дел од Русија, иако референдумот не е признаен од повеќето земји.

Милановиќ ги критикуваше западните земји за двојни стандарди во меѓународната политика, при што рече дека Русија ќе се повика на она што меѓународната заедница го нарекува „анексија на Косово“ како изговор за окупација на делови од Украина.

„Го признавме Косово против волјата на државата (Србија) на која Косово ѝ припаѓаше“, изјави Милановиќ, предупредувајќи дека тој не ја доведува во прашање независноста на Косово, туку концептот на западните двојни стандарди.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми