1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Киев јави за голем руски напад врз енергетските капацитети

ЖА
13 декември 2024

Русија ја нападнала Украина со десетици крстаречки ракети и борбени дронови - главна цел на нападите била енергетската инфраструктура.

Русија ноќеска повторно масивно го нападнала енергетскиот сектор во Украина
Русија ноќеска повторно масивно го нападнала енергетскиот сектор во УкраинаФотографија: Sergey Bobok/AFP

Русија ноќеска повторно масивно го нападнала  енергетскиот сектор во Украина. „Непријателот продолжува со својот терор. Уште еднаш, енергетскиот сектор низ Украина е под масовен напад“, изјави во петокот украинскиот министер за енергетика Херман Халушченко. Од 07:00 часот (локално време, 06:00 часот по средноевропско време) бил вклучен воздушен аларм и биле пријавени ракети над неколку региони во земјата. Во акција биле руски борбени авиони МиГ-31, опремени со  хиперсонични ракети  Кинжал. Цели на руските напади во Западна Украина била областа на термоцентралата Бурштин и воениот аеродром Старокостијантив. За неколку напади е јавено и од Одеса во јужна Украина.

Украинскиот снабдувач со енергија најави построги ограничувања за снабдувањето со електрична енергија.

Русија речиси три години го напаѓа   украинскиот енергетски сектор со дронови и проектили, особено во зима. Ова води до прекин на електричната енергија и милиони Украинци се принудени да седат во мрак и студ. Владата во Киев бара поголема воздушна одбрана од западните сојузници за да ги заштити своите градови и инфраструктура.

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха денеска го повтори ова барање. „Русија се обидува да нè лиши од нашата енергија. Поради тоа, ние мора да ги лишиме од средствата за терор“, објави тој на онлајн мрежите.

     

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми