1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСеверна Кореја

За Северна Кореја, Јужна Кореја е непријателска држава

ЖА
17 октомври 2024

Водачот Ким Јонг Ун во декември ја прогласи Јужна Кореја за главен непријател. Државните медиуми сега потврдуваат дека новата дефиниција е вкотвена и во Уставот. Сите транспортни врски треба да се прекинат.

 Ким Јонг Ун, лидерот на Северна Кореја
Ким Јонг Ун, лидерот на Северна КорејаФотографија: KCNA VIA KNS/AFP

Северна Кореја „јасно ја дефинира Јужна Кореја како непријателска држава“ во нејзиниот ревидиран устав. Ова го објави државната новинска агенција КЦНА. Севернокорејскиот парламент веќе се состанал минатата недела за да го промени уставот на земјата. Но, државните медиуми на Северна Кореја досега објавија само малку детали за средбата.

Патните и железничките врски со Јужна Кореја  сега се целосно прекинати по минирањето во вторникот. „Ова е неизбежна и легитимна мерка во согласност со Уставот на Република Северна Кореја, кој јасно ја дефинира Република Кореја како непријателска држава“, наведе КЦНА.

Делниците од патот и железницата на севернокорејската страна кои служеа како гранични премини, во должина од 60 метри, сега се целосно блокирани. Ова е дел од постепеното целосно разграничување на нејзината територија од југ.

Уставната промена беше очекувана во согласност со неодамнешните изјави на Ким Јонг Ун во кои тој ја опиша Јужна Кореја како независна земја и главен  непријател на Северна Кореја. Ова значи дека Северна Кореја се оддалечува од својата долгогодишна цел за  повторно обединување  и наместо тоа цели кон систем со две држави.

Јужна Кореја, од друга страна, повтори дека ќе продолжи да се придржува до политиката на национално единство, но ќе се спротивстави на секоја  агресија од Северот.

На крајот на 2023 година, севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун за прв пат побара на состанокот на владејачката Работничка партија Јужна Кореја да биде назначена како главен непријател во социјалистичкиот устав на земјата. Тој ги опиша меѓукорејските односи како односи меѓу две завојувани држави.

Двете земји формално сè уште се во војна, бидејќи Корејската војна од 1950 до 1953 година заврши со примирје, а не со мировен договор.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми