1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиКина

Кина: Стоп за испораките на оружје за конфликтот во Украина

СН/агенции
2 јуни 2023

Специјалниот пратеник на Кина ги повика другите држави да престанат да испраќаат оружје на бојното поле во Украина. Ова е неопходно за да се стави крај на војната, порача Ли Хуи.

Специјален пратеник на Кина за евроазиски прашања, Ли Хуи
Специјален пратеник на Кина за евроазиски прашања, Ли Хуи Фотографија: RUSSIAN FOREIGN MINISTRY/REUTERS

Официјален Пекинг побара стопирање на испораките на оружје за страните во конфликтот во Украина. По враќањето од европската турнеја, и разговорите за можно решавање на конфликтот во Украина, кинескиот специјален пратеник за евроазиски прашања, Ли Хуи денеска во Пекинг изрази уверување дека ниту Москва, ниту Киев не ја затвориле целосно вратата за преговори и покрај актуелните тешкотии за нивно започнување.

„Треба да престанеме да испраќаме оружје на бојното поле, инаку само ќе го зголемиме ризикот од ескалација на тензиите. Мора да има прекин на огнот и мировни преговори“, порача Ли.

Во текот мај, тој ги посети Киев, Варшава, Париз, Берлин, Брисел и Москва во 12-дневна турнеја во обид да најде заеднички јазик за можно политичко решение на војната во Украина. Изгледите за успех на дипломатската мисија на Ли беа мали уште пред самиот почеток. 

Германските борбени тенкови Леопард 2 се дел од испораките на оружје за УкраинаФотографија: Christoph Hardt/Panama Pictures/picture alliance

На брифингот за медиумите по повод неговата европска турнеја, Ли уште истакна:„Ризикот од ескалација на руско-украинската војна е сè уште голем“, додавајќи дека сите страни мора да преземат конкретни чекори за „ублажување на ситуацијата“ и гарантирање на безбедноста на нуклеарните постројки. „Кина е подготвена да направи се, што би било корисно за ублажување на ситуацијата“, рече тој.

Ли Хуи, меѓутоа, повторно не го осуди рускиот напад врз Украина. Од почетокот на руската инвазија врз Украина пред повеќе од една година, Кина му дава политичка поддршка на рускиот претседател Владимир Путин политички  и ги претставува САД и НАТО како како главни виновници во конфликтот. Исто така раководството во Пекинг ги критикува испораките на оружје на западните земји заа Украина, истакнувајќи дека „долеваат масло во огнот“.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми