1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кина: Историски трет мандат за Ши Џинпинг

ЕМФ | агенции
10 март 2023

Моќ како Ши Џинпинг немал ниту еден кинески лидер уште од времето на Мао Цетунг. Ши сака да ја направи владата поефикасна и да ја подготви Кина за растечкиот ривалитет со САД.

Ши Џинпинг ја зацементира својата моќ
Ши Џинпинг ја зацементира својата моќФотографија: Mark R. Cristino/REUTERS

Народниот конгрес на Кина изгласа трет мандат за шефот на државата и лидер на партијата Ши Џинпинг. На годишниот состанок во Големата сала на народот во Пекинг, 2.952 делегати едногласно се изјаснија за продолжување на мандатот на Ши на чело на државата и војската за уште пет години. Одобрено е и најголемото реструктуирање на владата во последната деценија, кое има за цел да ја зајакне втората по големина економија во светот за меѓународен натпревар, особено со САД.

Со третиот мандат Ши ја зацементира својата моќ и стана најважната водечка фигура во Кина по Мао Цетунг. Темелите за тоа тој ги постави уште во 2018 година, кога успеа да издејствува укинување на лимитот на претседателски мандати. Својата моќ ја прошири во октомври минатата година, кога доби нов петгодишен мандат на функцијата Генерален секретар на Централниот комитет на владеачката Комунистичка партија.

Аплауз на делегатите на Народниот конгрес за Ши ЏинпингФотографија: Noel Celis/AFP/Getty Images

Во наредните два дена на врвни позиции во владата треба да бидат именувани или избрани лојални следбеници на Ши. Меѓу нив најверојатно ќе биде и поранешниот лидер на партијата во Шангај, Ли Чијанг, кој би требало да го наследи премиерот Ли Кечијанг, кој утре (11.03) заминува од функцијата.

Ши треба да одржи говор на завршувањето на Народниот конгрес, во понеделник. На почетокот на неделава тој ги обвини САД и нивните западни сојузници за тешкотиите на кинеската економија и на владата во Вашингтон ѝ префрли политика на угнетување на Кина.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми