1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кина ја предупреди ЕУ од воведување „опасни санкции“

ЖА / агенции
8 мај 2023

Со остра реторика, Кина ја предупреди ЕУ од санкционирање на кинески фирми поради нивните бизнис-врски со Русија.

Знамиња на ЕУ и на Кина
Знамиња на ЕУ и на КинаФотографија: Sean Gallup/Getty Images

Како реакција на извештај во весникот „Фајненшл тајмс“ во врска со новите финансиски казнени мерки кои се планираат поради војната во Украина, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин денеска изјави: „Ова е многу опасно. Ја повикуваме ЕУ да не тргнува по овој погрешен пат“. Во спротивно, Кина ќе преземе „енергични мерки“ за да ги заштити своите легитимни права и интереси, истакна портпаролот, дополнувајќи дека тоа би можело да доведе до влошување на меѓусебните односи. Владата во Пекинг отфрла секакви потези кои односите меѓу Кина и Русија би ги користеле како изговор за наштетување на трговската соработка.

Европската комисија според извештај на американскиот весник „Фајненшл тајмс“, предложила во новиот пакет санкции да бидат содржани и мерки против седум кинески фирми. Ним им се префрлува испорака на опрема во Русија која може да биде употребена за поддршка на воената машинерија и на производство на оружје.

В среда претставниците на 27 земји членки на ЕУ во Брисел ќе одржат советување околу финализирањето на единаесеттиот пакет санкции против Русија, кој би требало да биде усвоен до крајот на месецов.

Во одделот во кој се споменува Кина, според „Фајненшл тајмс“, засегнат е меѓу другите и кинескиот производител на полупроводници 3ХЦ, кому му се префрла обид за заобиколување на извозните контроли и испорака на електронски делови за рускиот индустриски и воен комплекс. Споменато е и претпријатието Кинг Паи Технолоџи, кое извезува микроелектроника, како и Сино Електроникс и Сигма Технолоџи од кинеската специјална управна зона во Хонгконг. Четирите кинески фирми веќе се наоѓаат на листата на санкции на САД.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми