Кина планира да ги намали емисиите на стакленички гасови
ЖА
25 септември 2025
Доналд Трамп ги отфрла климатските промени како „најголема измама“, додека кинескиот лидер се залага за пониски емисии на ЦО2 за неговата земја. Но, критичарите сметаат дека плановите на Пекинг се премногу неамбициозни
Во видео-обраќање на конференција за климата на маргините на дебатата на Генералното собрание на ОН во Њујорк, претседателот Ши Џинпинг најави дека Кина има за цел да ги намали своите емисии на стакленички гасови за седум до десет проценти до 2035 годинаФотографија: Huang Jingwen/Xinhua/IMAGO
Реклама
Според претседателот Ши Џинпинг, Кина има за цел да ги намали своите емисии на стакленички гасови за седум до десет проценти до 2035 година. Во видео-обраќање на лидерскиот самит за климата на маргините на дебатата на Генералното собрание на ОН во Њујорк во средата, Ши изјави дека нето емисиите на стакленички гасови низ целата кинеска економија треба да се намалат „за седум до десет проценти под нивото на својот пик“. Точно кога ќе се достигне пикот сè уште е нејасно, но може да биде оваа година.
Ши така лично ја објави меѓународно долгоочекуваната климатска цел на неговата земја. Пекинг никогаш порано не постави краткорочна или среднорочна цел, туку само ја објавуваше својата намера да стане климатски неутрална земја до 2060 година и да го остави зад себе врвот на емисиите на стакленички гасови пред 2030 година. Благодарение на подемот во користењето на сончевата енергија и електричната мобилност, се чини дека Народната Република е во можност да ја постигне оваа цел во 2025 година.
Според германската организација за развој и животна средина „Германвоч“, ова е „квалитативна пресвртница“ во климатската политика на Кина.
Околу 120 шефови на држави и влади се најавени за самитот за климата за да ја одбранат науката и климатската дипломатија. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави во Њујорк дека Парискиот климатски договор „бил пресуден“. Во текот на изминатите десет години, проекциите за пораст на глобалната температура се намалија од 4 степени Целзиусови на помалку од 3 степени Целзиусови, „доколку сегашните мерки бидат целосно имплементирани“, рече Гутереш.
Светот шокиран од убиствените екстремни временски прилики
Германија, Канада, Кина - драматичните слики кои се последица на екстремното време доминираат во последните недели. Дали за тоа е одговорна климатската криза?
Фотографија: AFP/Getty Images
Поројни дождови и поплави во Европа
Досега невидените поплави предизвикани од дводневни обилни врнежи дожд, колку што обично паѓаат во два месеци, во Германија и Белгија однесоа најмалку 209 човечки животи. Реките во средината на јули се претворија во надојдени буици и уништија села и објекти стари со векови. Обновата на куќите, фирмите и инфраструктурата, според проценките, ќе чини повеќе милијарди евра.
Фотографија: Thomas Lohnes/Getty Images
Екстремно поројни дождови
И делови од Индија и од Кина се погодени од рекордни поплави, дојде до излевање на акумулации и одводни канали. Научниците предвидоа дека промената на климата ќе доведе до зачестени и пообилни врнежи од дожд - загреаниот и потопол воздух апсорбира повеќе вода, што води до повеќе дождови.
Фотографија: AFP/Getty Images
Поплави во централна Кина
Повеќедневните непрекинати дождови на крајот на јули предизвикаа катастрофални поплави во централнокинеската провинција Хенан. Повеќе луѓе ги загубија животите, стотици илјади мораа да ги напуштат домовите. Во провинцијата Женгџоу бројни патници останаа заглавени во метрото поплавено од водата. Областите во провинцијата се уште потешко погодени.
Фотографија: Courtesy of Weibo user merakiZz/AFP
Рекордни жештини во САД и во Канада
Неподносливата горештина е сѐ почеста, како на крајот на јули во американските сојузни држави Вашингтон, Орегон и канадската провинција Британска Колумбија. Врелиот воздух „заробен“ под антициклонски фронт доведе до екстремно време и стотици смртни случаи. Во селото Литон беше измерена рекордна температура од 49,6 степени Целзиусови, а во следниот ден селото до темели настрада во пожар.
Фотографија: Ted S. Warren/AP/picture alliance
Шумските пожари доведуваат до невреме
Бранот жештина можеби е на заминување, но сушата поттикнува шумски пожари. Огнената стихија во Орегон е толкава што самата предизвикува невреме, а чадот се разнесува дури до Њујорк. Неодамна објавена студија тврди дека ваквите временски услови би „биле практично невозможни“ да не се климатските промени предизвикани од човекот.
Фотографија: National Wildfire Coordinating Group/Inciweb/ZUMA Wire/picture alliance
Дали Амазонската област е стигната до клучна точка?
Во јужниот дел на централен Бразил владее најтешката суша во последните 100 години. Со неа расте и ризикот од пожари и натамошно уништување на Амазонската прашума. Научниците неодамна соопштија дека голем дел од југоисточните шумски области во Амазон наместо да апсорбираат ЦО2 како порано, поради континуираното уништување сега испуштаат штетни гасови. Наскоро може да дојде до пресвртна точка.
Фотографија: Andre Penner/AP Photo/picture alliance
На работ на изгладнување
Во Мадагаскар, по години безмилосна суша, од глад се загрозени преку 1,4 милиони луѓе. Некои се принудени да јадат сирови кактуси, диви растенија и скакулци. Бидејќи не беа регистрирани природни катастрофи или политички конфликти, гладот таму се смета за прв во поновата историја предизвикан единствено од климатските промени.
Досега незабележаните поплави во северна Европа ја зафатија и Велика Британија: откако во еден единствен ден наврна количина дожд колку за еден месец, делови од Лондон, подземни постојки на метрото и улици се најдоа под вода. Поплавите се доказ дека „опасностите од промената на климата ни се приближуваат и нам“, изјави лондонскиот градоначалник Садик Кан.
Фотографија: Justin Tallis/AFP/Getty Images
Грција се бори со пожари
Додека земјите во северна Европа се под вода, оние на југот, како Грција, се зафатени од повеќе топлотни бранови уште од почетокот на летото. Во првата недела од јули температирите се искачија над 43 степени Целзиусови. Туристичките атракции, како Акропол, преку ден се затворени, додека околу Солун беснееја шумски пожари. Во акција на гаснење на огнот беа и хеликоптери.
Фотографија: Sakis Mitrolidis/AFP/Getty Images
Шумски пожари и на Сардинија
Шумски пожари од досега незабележани размери го опустошија централно-западниот дел од островот, истакна гувернерот Кристијан Салинас: „Досега во прав и пепел се претворени 20.000 хектари шума, кои беа синоним за вековната еколошка историја на нашиот остров“. Околу 1200 луѓе се евакуирани од и натаму загрозениот регион.