1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кинеската економија падна во дефлација

ЕМФ
9 август 2023

Кина првпат по две децении падна во дефлација - радост за потрошувачите, загриженост за конјунктурата.

Кина | економија | производство на автомобили
Кинеската економија се опоравува побавно отколку што тоа го очекуваат најголемиот дел од економиститеФотографија: Hu Guolin/ChinaFotoPress/picture alliance

Кинеската економија падна во дефлација. Како што денеска (9.08) соопшти Заводот за статистика во Пекинг, потрошувачките цени во јули паднале за 0,3 отсто во однос на претходната година. Во јуни цените стагнираа откако во мај беа благо зголемени за 0,2 отсто.

Трендот е уште појасен ако се погледнат цените на производителите, односно цените што производителите ги наплаќаат за своите производи. Тие се намалени десетти месец по ред, паѓајќи за 4,4 отсто во споредба со лани. Тоа е првпат од ноември 2020 година во Кина да паднат и потрошувачките и производствените цени.

Ваквиот развој се исцртуваше подолго време. Дефлацијата значи пад на општото ниво на цените. Повеќето економисти сметаат дека долга дефлација е економски поопасна од благо зголемување на цените. Потрошувачите имаат корист на прв поглед затоа што треба да платат помалку за стоки и услуги. Но, очекувањата дека цените ќе паднат уште повеќе ја задушуваат потрошувачката. Дефлацијата, исто така, обично врши притисок врз профитот на компаниите и на тој начин, на пример, повлекува ризик од намалување на платите или отпуштања.

Експертите сметаат дека падот на цените во Кина меѓу другото се должи на слабата потрошувачка и проблемите на пазарот со недвижности. По завршувањето на пандемијата на коронавирусот, кинеската економија  се опоравува побавно отколку што тоа го очекуваат најголемиот дел од економистите.

Владата во Пекинг вети низа мерки за поддршка на економијата и се очекува натамошна конјунктурна помош.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми