1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Кличко: Киев е пред најлошата зима по Втората светска војна

ЕМФ | агенции
23 ноември 2022

Градоначалникот на Киев, Витали Кличко, оцени дека главниот град на Украина е соочен со драматична зима.

Витали Кличко, градоначалник на Киев
Витали Кличко, градоначалник на КиевФотографија: John Moore/Getty Images

На трите милиони жители на Киев им претстои тешка зима, оцени градоначалникот на главниот украински град Витали Кличко. „Ова е најлошата зима од Втората светска војна досега“, изјави тој за весникот „Билд“. Според него, треба да се биде подготвен на „најлошото сценарио“ со немање струја на ниски температури. „Во таков случај ќе треба да се евакуираат делови од градот. Но, не сакаме да дозволиме да дојде до тоа“, вели Кличко.

Тој го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека со напади врз цивилната инфраструктура сака да ги „тероризира и смрзнува луѓето,без светло“ и да ги натера на бегство од Киев, и на тој начин всушност да врши притисок врз украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Но тоа нема да се случи. Мој впечаток е дека луѓето стануваат само побесни, порешителни. Нема да умреме или избегаме, како што сака Путин“, изјави Кличко за денешното издание на „Билд“. Тој од Германија побара покрај оружје, да се испраќаат и генератори, заштитна облека и хуманитарна помош.

Кличко го обвини рускиот претседател Путин дека со напади врз цивилната инфраструктура сака да ги „тероризира и смрзнува луѓето, без светло“Фотографија: Yasuyoshi Chiba/AFP/Getty Images

Во меѓувреме во Украина се отвораат центри за итна помош на населението, каде на луѓето им се ставени бесплатно на располагање струја, топлина, вода, интернет, телефон и лекови. Украинскиот претседател Зеленски ваквите центри ги нарече „центри на непобедливост“: „Ако повторно дојде до големи руски напади и стане јасно дека струја нема да има со часови, во акција ќе стапат 'центрите на непобедливост' со сите важни услуги“, изјави Зеленски во видео обраќање.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми