1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Клучарот кој ги отвора сите брави

02:41

This browser does not support the video element.

Емилија Петреска
31 октомври 2023

За секоја брава - клуч. А, за речиси секој клуч во Прилеп е заслужна фамилијата Ѓуроски и нивниот занает, негуван над 70 години. Денес младиот Кристијан продолжува по стапките на своите прадедо и дедо. #dw_BalkanBooster го посети во семејниот дуќан во Старата прилепска чаршија.

32-годишниот клучар Кристијан Костоски има клуч за секоја брава. Тој ја негува семејната традиција стара над 70 години.

„Од мал доаѓам тука. Не знам, од десет години. Сакав да одам, ми беше ќеф“, раскажува Кристијан додека седи во својот дуќан во Старата прилепска чаршија.

Занаетот е наследство, но вештината ја стекнал со труд: „Кога ќе влезевме овде заедно со него (дедо му, н.з.) во дуќанот, конекција внук и дедо не постоеше. Ти си чирак, калфа, па мајстор и.т.н. Беше строг. Можеби затоа сум тука кај што сум сега.“

Клучарскиот дуќан на Кристијан Костоски во ПрилепФотографија: Emilija Petreska/DW

Занаетот го започнал неговиот прадедо Милан Ѓуроски:

„Него го викале Милан ‘Царот’. Тој исто бил ливец. Од него го научил дедо ми занаетот. Еден од подобрите мајстори во градот.“

Мајстор кој со знаењето стекнал углед во Прилеп. Кристијан Костоски со насмевка објаснува:

„Прекар на дедо ми е ‘Цако’. Така е и уште фирмата, ‘Клучар Цако’. И кога нешто нема да може да се отвори демек ‘ни Цако клучарот тоа не го отвора’.“

Занаетот во фамилијата Костоски се негува над 70 годиниФотографија: Emilija Petreska/DW

За да се изработи еден клуч денес се потребни две до три минути. Некои модели одамна се станати минато. Времињата се менуваат, занаетот и чаршијата исто така. 

„Некогаш тоа било овде калдрма, целосно било поинаква. Имало многу занаети. Многу занаети се изумрени. Сите седат пред компјутер, работат од дома и не ги интересира клуч“, оценува младиот клучар. 

Предизвици во клучарскиот занает има постојано, вели Кристијан КостоскиФотографија: Emilija Petreska/DW

Развојот на технологијата е предизвик за него: „Нон-стоп има предизвик. Секој ден излегуваат нови брави, нови клучеви, нови технологии и машини. Мора да го следиш нештото за да напредуваш.“

Кристијан вели дека не знае што носи иднината, но дава сѐ од себе за да ја зачува традицијата.
 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми