1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кој е Чарлс Трети, новиот британски крал

Роберт Маџ
9 септември 2022

Подобро доцна отколку никогаш. Очекувањата од Чарлс како крал се големи, бидејќи член на кралското семејство мора да биде издржлив, отпорен на критики и да има многу трпение.

Queen Elizabeth II, Platinum Jubilee celebrations 2022
Фотографија: Cover-Images/IMAGO

63 години тој беше Принцот од Велс. Сега на 73 години, принцот Чарлс е најстариот наследник на британскиот трон кој автоматски ја презема кралската позиција по  смртта на кралицата. Одбра да се вика Чарлс Трети.

„Сè е внимателно испланирано, како и подготовките за погребот на кралицата, така и периодот на транзиција. Но, многу работи ќе зависат од тоа како ќе реагира јавноста на крунисувањето на Чарлс и од тоа колкава ќе му биде поддршката од vладата,“ пишува во мејлот до ДВ, Роберт Хејзел, професор по Уставно право на Универзитетскиот колеџ во Лондон.

Животот во кралско семејство

Принцот Чарлс имаше доволно време да се навикне на животот во кој е во центарот на вниманието на јавноста. Чарлс е роден на 14 ноември 1948. Дипломирал историја на Тринити колеџот во Кембриџ 1970. Потоа продолжува со воена кариера за време на која меѓу другото и командувал со бродот миноловец ХМС Бронингтон.

Летото 1981 година со огромна медиумска помпа се ожени со дваесегодишната Дијана Спенсер.  Принцезата Дијана  беше многу омилена и постојано под лупа на таблоидите. По години на скандали и озборувања, тие се разведоа во 1996 година. Една година подоцна  Дијана загина во сообраќајна несреќа.

Во времето на разводот е објавено дека Чарлс ѝ рекол на Дијана: „Дали сериозно очекуваш дека јас ќе бидам првиот принц од Велс кој немал љубовница?“ Тоа се однесувало на неговата долгогодишна љубов,  Камила Паркер  со која се ожени во 2005 година.

Чарлс и Дијана - брак под несреќна ѕвездаФотографија: picture-alliance / dpa

Така Чарлс има две страни – од една страна женкар, од друга филантроп. Покрај неговата фондација основана во 1976 година за поддршка на обесправени млади луѓе, тој поддржува и многу други добротворни организации и уметнички иницијативи. Сепак, најголемата страст на Чарлс е заштита на животната средина и борба против климатските промени. Од 2007 започна проект за прашуми – глобална иницијатива во која вклучи компании, политичари и разни познати личности со цел да се подигне јавната свест и да се преземат активности против уништувањето на шумите во тропските предели.

Од Чарлс како крал се очекува и понатаму да ја промовира верската разноликост и мултикултурната природа на модерна Британија. Тој претходно самиот вети дека неговото крунисување ќе биде мултиконфесионално.

 Дел од политиката

Но, на Чарлс му недостасува инстинктот на неговата мајка да остане непристрасен кога се работи за политички или општествени прашања. Познат е по тоа дека не се воздржуваше да си го каже ставот. Неговиот недостатокот на неутралност се покажа и со аферата „Белешките на црниот пајак“. Неговите белешки кои по долга правна битка ги објави весникот „Гардијан“, откриваат дека принцот Чарлс во голема мера лобирал кај министрите и политичарите во британските влади.

Притоа станува збор за толку различни теми кои се движеле од спасување на загрозени видови риби до нарачки за воена опрема за трупите во Ирак, и барање за отстрел на јазовци во борбата против ширење туберкулоза меѓу стоката.

Како крал Чарлс ќе мора да ја намали склоноста кон вакви постапки, вели политикологот Хејзел.

„Монархот мора да биде неутрален по сите политички прашања, како што беше кралицата. Чарлс ќе има можност да си ги искаже ставовите секоја недела за време на аудиенцијата со премиерот, но ќе мора да се држи до нему уставно пропишаните права – да се консултира, да охрабрува и да предупредува.“  Во спротивно, вели Хејзел „би очекувал од владата да го потсети кои му се должностите на уставниот монарх.“

Принцот Чарлс е голем заговорник на промена на климатската политикаФотографија: picture-alliance/ dpa

Вмешаност во скандали

Во 2017 името на Чарлс беше споменувано во контекст на т.н.  „Рајски документи”.  Се работи за протекување на информации кои откриваат имиња на политичари, бизнисмени и познати личности вовлечени во спорни офшор инвестиции. Во неговиот случај наводно станувало збор за компанија на Бермудите. Чарлс во 2007 притискал за промена на климатската политика, но не открил дека од таквите промени ќе профитира неговиот бизнис во странство. Чарлс пак тврдеше дека нема директно учество во офшор компанијата. 

Во поново време се појавија други прашања во врска со натамошни откритија во кралскиот „скандал со кеш”. Се тврди дека богати странци како противуслуга за донација во фондацијата на Чарлс добивале повластувања. Во еден случај се работи за саудиски тајкун кој за неговите заслуги е примен во витешкиот ред, во друг случај на руски банкар му е ветена средба со принцот.

Објавите доведоа до повлекување на тројца важни членови на хуманитарната организација, меѓу кои и соработникот на Чарлс, Мајкл Фосит. Претседателот на фондацијата „привремено” се повлече од функцијата. 

Чарлс пак отфрли дека имал било какви информации за спорната пракса во фондацијата. 

Аналитичарите се согласни дека вакви појави ќе мора да бидат избегнати, доколку Чарлс како крал сака на своја страна да го има јавното мнение. Политикологот Хејзел тоа го формулира вака: колку ќе биде прифатен и популарен Чарлс, зависи од тоа „дали Чарлс ќе западне во потешкотии и какви непредвидени случки може да има.”

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми