1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кој е орел, а кој е врапче: Жестока предизборна реторика

ДТЗ
29 септември 2025

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети му порача на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека со кучиња не се ловат орли. Мицкоски, пак, преку партиско соопштение врати дека „Ахмети не е орел, туку обично врапче“.

Маж со бела коса (лидерот на ДУИ; Али Ахмети) на говорница, додека зад него има голем банер на кој се гледа дел од црн орел на црвена позадина
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети (архивска фотографија)Фотографија: Petr Stojanovski/DW

„Орлите воскреснаа! Референдумот започна, време е на народот! - со ваква порака лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје го најави учеството на партијата на локалните избориво Македонија во октомври. Лидерот на ДУИ, која ја предводи Националната алијанса за интеграција (НАИ), упати критика кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека преку своите политики и изјави ги потценува правата на Албанците и создава опасни тензии.

Ахмети: Со кучиња не се ловат орли

„Христијане, млад си, размисли добро. Не се соочуваш со скапоцени камења или краставици, туку со добро специјализирани кадри, тимови во сите области. Мицкоски со кучиња оди на лов на зајаци, но не и на орли. Орелот не се бори со кучиња и слуги кои ги дресирате за да нè оцрните. Орли, летајте високо во синилото, кучиња, чувајте се од зајаци“, рече Ахмети на промотивната конвенција на партијата во пресрет на локалните избори во Македонија.

Лидерот на ДУИ упати и апел за активно учество на изборите на 19 октомври, истакнувајќи дека единството на Албанците е одлучувачко за политичката иднина на земјата.

Од ВМРО-ДПМНЕ му порачаа на Али Ахмети дека е „обично врапче“Фотографија: Petr Stojanovski/DW

ВМРО-ДПМНЕ: Не сте орли, туку врапчиња

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на говорот на лидерот на ДУИ на конвенцијата каде што беа промовирани кандидатите за градоначалници и советници.

„Не си ти орел, туку обично врапче. Во суштина, ни вие не сте орли, туку криминални и корумпирани страчки. Најгласни се токму најуплашените. Со проекти, со мерки, со реформи и со подобар живот. Албанците одамна имаат преку глава од Ахмети, а тоа ќе го покажат на следните избори – заедно со Македонците, сите сложно“, порачаа од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, откако ДУИ ќе загуби во речиси сите општини на локалните избори, очекува „врапчињата да носат писма со понуди за коалиција, со бланко отстапки и ветувања дека ќе се реформираат“.

„Место да оди во пензија, тој зборува за крв, оружје и орли. А, секој пат кога ќе дојдат избори, Ахмети доживува необична трансформација. Тоа е неговиот Павлов рефлекс – на звукот на избори, автоматски следуваат закани, патетика и заплашувања. Освен што е патетично, сето ова е и смешно. Како не му е мака, искрено не знаeме“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми