1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шест најголеми извори за загадување на воздухот

ДТЗ
14 октомври 2024

Убедливо најголемо учество во загадувањето на воздухот има согорувањето дрва - околу 30 отсто, а потоа следат минералната прашина и сообраќајот, покажува истражувањето во пет општини во внатрешноста на земјата

Македонија Смог Скопје
Убедливо најголемо учество во загадувањето на воздухот има согорувањето дрва - околу 30 отстоФотографија: picture-alliance/AA/N. Batev

Во лето - сообраќајот, а во текот на зимата - согорувањето на дрвата се најголемите загадувачи на воздухот во Северна Македонија. Ова го покажува истражувањето за загадувањето на воздухот во пет општини – Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга, коешто ги идентификуваше главните извори на загадувањето.

„Идентификувавме шест главни фактори, а тоа се согорувањето на биомаса или дрва, минералната прашина, којашто е поврзана со градежжништво и ресуспензија на прашина од улиците, сообраќајот, како специфичен извор на загадување е огнот на отворено и согорувањето на отпад што го забележуваме насекаде во земјата, како и согорувањето на нафта и мазут којшто најчесто се користи за загревање на јавните институции“, вели ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, Дејан Мираковски.

Шест главни фактори

Убедливо најголемо учество во загадувањето на воздухот има согорувањето дрва - околу 30 отсто, а потоа следат минералната прашина и сообраќајот. Се зависи од годишното време. Согорувањето на дрва е најголем загадувач во зимските месеци, а сообраќајот и минералната прашина ги загадуваат воздухот во текот на летните месеци.

„На пример Струга нормално е во летните месеци да покажува зголемено аерозагадување од сообраќај, со оглед на тоа што е туристичко место“, вели Мираковски.

Другите извори на загадување, според него, се значително помали. Карактеристичен е изворот на загадување од согорување на отпад на отворено, тука е вклучено и согорувањето отпад од земјоделски производи, што се јавува во текот на пролетните и есенските месеци, но се јавуваат емисии и во текот на зимата, кога се согоруваат одредени отпадни материи во ложиштата. 

Истражувањата покажуваат дека половина од основните училиштата во урбаната зона се греат на нафта или мазут.Фотографија: DW/Petr Stojanovski

Нафтата и мазутот остануваат како проблем

И студијата за најголемите извори на загадувањето во главниот град, објавена пред две години, покажа дека греењето на дрва, односно согорувањето на биомасата претставува најголем извор на загадувањето на амбиенталниот воздух во Скопје. Но, постојат и други значајни извори како согорувањето на нафтата и мазутот во разни процеси, минералната прашина која потекнува од градежните активности, ресуспензија на прашината од улиците и еолската (ветрова) ерозија на невегетираните површини. Исто така, загадува и палењето оган на отворено. бидејќи покрај согорување на земјоделски и градинарски отпад, има согорување и на многу други отпади, како што е бакарот. 

Истражувањата покажуваат дека половина од основните училиштата во урбаната зона се греат на нафта или мазут. Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ на својата мапа на загадувачи лоцираше околу 700 јавни објекти во Северна Македонија кои се загадувачи, бидејќи се греат на мафта и мазут.  Околу стотина јавни објекти како болници, градинки, училишта, касарни, судови и други установи во Скопје користат нафта и мазут за затоплување и покрај тоа што градот има централно парно греење. Објекти што го загадуваат воздухот има и во другите градови.  Ако е студена зимата тие може да изгорат над 16,5 милиони литри нафта и над 4,8 илјади тони мазут.

Врховниот суд неодамна утврди начелен став со кој се отвораат вратите за граѓаните да можат да ја тужат државата поради загаден воздух. Тие во иднина ќе можат да покренат постапка пред Управен суд, поради енормно загадениот воздух. Според податоците на Институтот за јавно здравје, во земјата секоја година умираат од 4.500 до 5.000 граѓани. Од 10 родени деца во земјата, едно  починува поради загаден воздух.  

Отровниот воздух во Скопје

02:09

This browser does not support the video element.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми