1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се стеснува кругот за избор на нов државен јавен обвинител

ДТЗ
19 декември 2023

Тројца кандидати се пријавиле на огласот за државен јавен обвинител- Фатиме Фетаи од скопското Вишо обвинителство, Лидија Раичевиќ од Јавното обвинителство во Скопје и Љупчо Коцевски од републичкото обвинителство.

Љубомир Јовески
Тројца кандидати во трка за фотелјата на Љубомир ЈовескиФотографија: DW/Petr Stojanovski

Се стеснува кругот за избор на наследникот на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. На огласот за нов државен јавен обвинител се пријавиле тројца кандидати, а меѓу нив се најде и името на обвинителката Фатиме Фетаи, која беше дел од тимот на „Чарлиевите ангели“на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. По згаснувањето на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), Фетаи ја продолжи кариерата во Вишото јавно обвинителство во Скопје. Но, таа не е единствената која што има амбиција да седне во фотелјата на Јовески. Лидија Раичевиќ од Основното јавно обвинителство Скопје и Љупчо Коцевски од Јавното обвинителство на РСМ ќе се борат за истата позиција. Предлозите се доставени до Владата која треба да донесе одлука и да ги проследи предлозите на мислење до Советот на јавните обвинители.

Огласот за нов државен јавен обвинител беше објавен на 29 ноември, откако пратениците ја изгласаа одлуката за именување на наследник на Јовески. Мандатот на актуелниот државен јавен обвинител Љубомир Јовески му истекува на 25 декември. 

Избор и мандат 

Пријавените кандидати ќе треба да го поминат филтерот на Советот на јавните обвинители, за што имаат рок од 15 дена да дадат позитивно или негативно мислење до Владата. Потоа Владата до Собранието предлага еден од кандидатите што добил позитивно мислење.

Ако Советот на јавни обвинители од оправдани причини, во рокот не достави мислење до Владата, рокот се продолжува уште за 15 дена. Ако и во овој рок, Советот на јавни обвинители не достави мислење, се смета дека мислењето е позитивно.

Доколку Советот на јавни обвинители не даде позитивно мислење за ниту еден од пријавените кандидати, Владата не може да утврди предлог за именување на јавен обвинител и ќе му предложи на Собранието да го повтори огласот.

Актуелниот државен обвинител, Јовевски, беше именуван на 25 декември 2017 година. За работата на Јовески,   група пратеници од албанскиот опозициски блокна 14 септември  поднесоа интерпелација во Собранието, во врска со судскиот предмет за пожарот во тетовската модуларна болница во кој на 8 септември 2021 година загинаа 14 лица.

Според Законот, за јавен обвинител може да биде именувано лице кое има непрекинат работен стаж од најмалку десет години како јавен обвинител или како судија од областа на кривичното право. Јавниот обвинител се именува од Собранието, по предлог на Владата со мандат од шест години и право на повторно именување. За својата работа и работата на Јавното обвинителство одговара пред Собранието.  

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми