1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Кој му помогна на Пригожин, и што знаел Суровикин?

Михаил Бушујев
30 јуни 2023

Додека Владимир Путин нагласува дека безбедносните сили реагирале одлучно на бунтот на „Вагнер“, набљудувачите се прашуваат како борците на Вагнер успеале да стигнат речиси до Москва.

Генералот Сергеј Суровикин добива орден од претседателот Владимир Путин (2017 година)
Генералот Сергеј Суровикин добива орден од претседателот Владимир Путин (2017 година)Фотографија: Alexei Nikolsky/IMAGO

Владимир Путин повеќепати зборуваше за бунтот на Евгениј Пригожин и неговата група „Вагнер“ и секој пат ќе им се заблагодари на безбедносните органи кои, како што вели, дејствувале решително и спречиле граѓанска војна. Ако е така, тогаш како членовите на „Вагнер“ја презеле контролата врз главниот штаб на воениот округ Ростов, како го освоиле воениот аеродром Милерово и како можеле во колона да возат речиси до Москва? Дали Пригожин имал помошници во армијата?

Кој му помогна на Пригожин?

„Прашањето за соработка е секако отворено. Вагнерците во својот конвој имале тешко оружје на руската војска, кое им го ставиле на располагање. Тие беа упатени во областа на обуката, логистиката, снабдувањето и техничкото одржување на армијата“, вели Густав Гресел, експерт за воени прашања во Европскиот совет за надворешни односи (ЕЦФР).

Тој смета дека е малку веројатно оти никој во руската армија да не знаел за бунтот, бидејќи и по повлекувањето од фронтот, припадниците на Вагнер имале оружје на руската армија, кое сè уште се сервисирало, делумно во воени институции. Тоа оружје беше употребено за маршот кон Москва.

Како Евгениј Пригожин стана милијардер?

01:57

This browser does not support the video element.

„Конвојот помина низ Ростов и Воронеж, градови со силни воени гарнизони. Таму се обучуваат и редовни воени единици и трупи, кои ја добиваат последната обука пред да заминат за Украина. Многу е чудно што меѓу нив немаше никој кој би се спротивставил на членовите на Вагнер“, вели експертот.

Што знаел Суровикин?

„Њујорк тајмс“ го привлече меѓународното внимание со својата статија од 27 јуни во која, повикувајќи се на извори од американски разузнавачки кругови, тврди дека генералот Сергеј Суровикин, како и некои други високи руски офицери, можеле да знаат што прави Пригожин. Од октомври 2022 година до јануари 2023 година, Суровикин беше командант на руските трупи во Украина. Потоа на негово место дојде генералот Валери Герасимов, а Суровикин стана негов заменик. Според њујоршкиот весник, американските разузнавачи се обидуваат да откријат дали Суровикин можеби учествувал во планирањето на бунтот од страна на Пригожин.

Сепак, експертите се скептични за овие тврдења. „Суровикин моментално е командант на воздухопловните сили и тие беа единствените кои му се спротиставија на Вагнер, напаѓајќи ги од воздух. Тоа не се совпаѓа со имиџот на предавник“, вели Густав Гресел. Тој додава дека не е доволно да се сомнева дека Суровикин нема високо мислење за Герасимов, кој го турна од чело на „специјалните операции“, како што Кремљ ја нарекува војната во Украина. Суровикин често му противречува на Путин, пред сè кога станува збор за повлекувањето од Херсон, што Путин го одбива.

Повлекување на трупите на „Вагнер“ од Ростов на ДонФотографија: REUTERS

Британскиот експерт за Русија, Марк Галеоти, на Твитер, како и многу други, укажа дека Суровикин бил првиот кој јавно апелирал до Пригожин да го запре бунтот. „Тој даде јасна изјава во која, спротивно на првичните сомнежи, се покажа како лојален на Кремљ“, укажа Галеоти. Тој смета дека тоа би можело да му помогне на Суровикин да се „измие“ и повторно да стане кандидат за шеф на „специјалните операции“ или дури и за функцијата началник на Генералштабот. „Нагласувам дека ова е само претпоставка, но сомнежот за соодговорност за „предавството“ на Пригожин, да го употребам изразот на Путин, може да биде вешт маневар за да се спречи враќање на Суровикин“, смета Галеоти. Зајакнувањето на неговата позиција би било „лоша вест за Украина“, смета експертот.

Лоша организација на бунтот или навремено спречување?

Според начинот на кој течеше бунтот, има многу кои говорат против тезата дека во неа учествувал некој од воениот врв како Суровикин. Во тоа е убедена Татјана Становаја од Карнеги центарот за Русија и Евроазија во Берлин. Таа смета дека Пригожин сакал да го принуди Путин да му обрне внимание на Вагнер и да го брани. Тој додава дека немало нормална подготовка, а не се знаело ни дека патот кон Москва е отворен и оти ќе води до сигурна смрт. Становаја не исклучува дека Суровикин знаел за плановите. „Но, во вистински момент застана на страната на државата“, вели таа на Телеграм.

Становаја, која основаше и своја фирма за политички анализи „Р.Политик“, вели дека одамна е познато дека руското воено раководство е поделено на два табора - во едниот се Шојгу и Герасимов, а во другиот Суровикин. Според неа, не станува збор за борба за власт, туку за сфаќањето на начинот на борба во Украина и за односот кон приватните војски. Суровикин, за разлика од Шојгу и Герасимов, барем имал деловен однос со Пригожин, па дури и се сметал за посредник. На почетокот на мај, тој учествуваше во отстранувањето на недостатокот на муниција кај Вагнер. „Таа улога несомнено беше договорена со Путин“, вели Становаја.

„Волстрит журнал“ на 28 јуни, повикувајќи се на западни разузнавачки служби,  објави дека Вагнер најпрво сакал да ги зароби Шојгу и Герасимов во штабот во Ростов. Но, според американските новинари, руската разузнавачка служба ФСБ дознала за тој план, па членовите на „Вагнер“ потоа морале да импровизираат. Според американскиот весник, Евгениј Пригожин им ги предочил плановите за бунтот на голем број високи офицери, а можеби и на Суровикин. Сепак, не е јасно кој им ја проследил оваа информација на руските разузнавачи.

Началникот на Генералштабот Валериј Герасимов и министерот за одбрана Сергеј Шојгу (архивска фотографија)Фотографија: Sputnik/Aleksey Nikolskyi/Kremlin via REUTERS

„Чистки“ во руската армија

Нејасно е како блискоста на Суровикин со „Вагнер“ ќе влијае на неговата судбина. Центарот „Досие“, некомерцијален проект на Михаил Ходорковски, на 28 јуни објави дека Суровикин е почесен член на „Вагнер“ од 2017 година. Во него се споменува дури и членскиот број на генералот: М-3744. Гласините дека Суровикин е под сомнение се интензивираа затоа што тој не се појавил во јавноста по бунтот.

Репортери блиски до Кремљ зборуваат за недоверба, која се шири низ армијата. Каналот на Телеграм „Рибар“ пишува за тоа: „Со денови инспекторите и претставниците на федералната служба за надзор се занимаваат со раководството на воените контролни тела како и со командантите на единиците“. Според различни извори, „чистките“ го засегаат не само раководството на армијата, туку и офицерите и војниците од понизок ранг.

„Верувам дека Пригожин имал симпатизери во армијата. Сепак, попрецизно би било да ги означиме како незадоволни од Шојгу и од Путин. Но, ако сакате, можете ли симпатизерите да ги претворите во заговорници и да ги искористите за чистки“, прашува политикологот Татјана Становаја. Таа оценува дека пред се министерот за одбрана Шојгу сака да ја искористи можноста за „чистки“ за да ја зајакне својата позиција. „Имам силно чувство дека Шојгу би можел да биде главниот профитер во оваа приказна. Откако се ослободи од Пригожин, Путин доби силна 'вакцина' против приватните војски, како против чумата. Сега може да се позанимава со сопствената војска“, вели Становаја.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми