1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Стил на животЕвропа

Кој работи за Божик?

23 декември 2025

Додека дел од Европејците уживаат во божиќните празници, многумина продолжуваат да работат. Анализа на слободните денови, бонусите и разликите меѓу европските земји..

Дедо Мраз на санка која ја влечат ирваси лета над езеро
Овој човек не е единствениот кој работи на БадникФотографија: Jean-Christophe Bott/KEYSTONE/dpa/picture alliance

Иако најпознатите работници во празничната сезона се џуџињата од Северниот Пол и курирот што јава ирваси, сепак има уште многу други кои се грижат работата да врви и во последната недела од годината.

Некои луѓе што живеат во Европа благословот го добиваат во форма на платени празнични денови. Други пак може да бидат наградени со дополнителни слободни денови во текот на годината во замена за помал број слободни денови за време на празничниот период.

Секако, има и луѓе кои ќе мора да продолжат да работат исполнувајќи важни задачи. Меѓу нив се лицата во службата за брза помош, како и работници во угостителството и малопродажбата, за кои делумно ова се најнапорните периоди од годината. Логистиката е исто така потребна за достава на божиќни честитки и подароци.

Кој си одмора за време на Божик?

Европејците имаат меѓу два и пет слободни денови во текот на овој период, почнувајќи од Бадник на 24 декември до Богојавление на 6 јануари.

На пример, Малта има 14 неработни денови за празниците во текот на годината, од кои два се во периодот Божик-Нова Година, наспроти Кипар, Словачка и Романија, кои имаат 15 дена, од кои една третина се во новогодишниот период. Без сомнеж, Литванците имаат најмногу државни празници - вкупно 16, вклучувајќи четири дена меѓу Бадник и Нова Година.

Белиот Божиќ станува зелен

01:03

This browser does not support the video element.

Кога Бадник не е неработен ден

Студија на фондацијата „Ханс Беклер“ во Германија покажува дека речиси 1 од 10 германски работници работат и по 14:00 часот на Бадник, кој што не е државен празник во Германија.

Постојат и регионални разлики – на пример источните Германци се посклони да работат овој период од годината, а често се работи за истите индивидуи секоја година, кои дежураат.

Во државите во кои во 14:00 часот на 24 декември мора да се стави клуч на врата, жителите мора да се осигураат дека имаат залихи за до 27 декември.

„Тринаесетта плата“ и божиќните бонуси во Европа

Некои работници ќе се израдуваат на „тринаесетта“ плата на своето конто. Вообичаено таа се пресметува според бројот на часови што ги работи лицето, но во јужноевропските земји како Португалија, Шпанија, Грција и Италија тенденцијата е да се исплатува законскиот бонус, во зависност од индустријата и работодавачот.

Други европски земји може да исплаќаат бонуси повеќе како обичај, а не како законска обврска.

Нов светски рекорд: Дом украсен со 600 божиќни елки

00:58

This browser does not support the video element.

Празници наспроти економски притисоци

Додека некои земји дополнително ги засладуваат празниците на ваков начин, други од неодамна размислуваат поинаку. За Германците и Франција, слободното време за Божик може да стане уште позначајно, бидејќи нивните влади неодамна најавија намалување на бројот на државни празници за да ги поттикнат економиите во криза. 

Овој текст првично е објавен на ДВ на англиски јазик

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми