1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Колку се важни градовите ослободени од украинската армија?

Роман Гончаренко
14 септември 2022

Во неколку дена Украина успеа да ослободи од руска окупација големи области источно од Харков. За посебно важен се смета градот Изјум, сообраќаен јазол во близина на завојуваниот регион Донбас.

Уништени воени возила кај Балаклија, во регионот Харков
Уништени воени возила кај Балаклија, во регионот ХарковФотографија: Juan Barreto/AFP

Бројки околу кои во Украина владее восхит – од 6 септември  украинската армија ослободи повеќе од 6.000 квадратни километри  и преку 300 места со население од 150.000 жители во областа на Харков, соопшти вчера (13.09) заменичката на украинскиот министер за одбрана, Хана Маљар. Ослободена е речиси целокупната територија во источниот и северниот дел на регионот Харков, која беше брзо освоена од Русија по почетокот на нејзината инвазија на 24 февруари и со месеци се наоѓаше под окупација.

За Украина ова претставува втор крупен успех по крајот на март и неуспехот на руската офанзива за заземање на Киев.

Првично во Москва со денови владееше молк, а потоа конечно  повлекувањето со елементи на хаос беше наречено „прегрупирање“. За самиот Харков, втор по големина град во Украина, тоа не значи олеснување, зашто се наоѓа близу границата со Русија и речиси секојдневно е гранатиран оттаму. Но, за областите понатаму на исток, крајот на окупацијата има стратешко важно значење.

Исјум: Портата кон Донбас

Бездруго за најважниот град кој можеше да го ослободи Украина се смета Исјум, каде пред руската окупација живееја околу 50.000 жители и се наоѓа на стратешки важната сообраќајница М-03 (Е-40). Таа го поврзува Харков, меѓу другото, со градот Славјанск во соседната област Доњецк. Од Изјум до Славјанск има само 50 километри, тоа е портатата кон, со јаглен богатиот, Донбас.

По избувнувањето на војната во Донбас во 2014 година, оваа сообраќајница стана една од централните во Украина. Преку неа, од Харков се свршеше снабдување на трупите во украински контролираниот дел на Донбас. Русија се обидува да ги опколи украинските трупи кај Славјанск, но досега без успех, цело лето таму се водат тешки борби. Ослободувањето на Исјум ги растоварува украинските војници во Донбас и овозможува проширување на офанзивата кон исток.

Исјум нема само сообраќајно значење. Во градот постои фабрика за оружје која припаѓа на државниот концерн Улкроборонпром, и која е единствениот производител на плексиглас, на стаклена оптика во Украина. Таму се продуцира најголем дел од уредите за ноќно гледање за украинската воена техника, меѓу кои и за борбените тенкови и оклопните возила. Освен тоа, во фабриката во Изјум се произведуваат и делови за ласерско наведување за украинските противтенковски ракети од типот Стуна и Корсар, двата система наоѓаат примена во војната.

Руски тенк кај градот ИсјумФотографија: Juan Barreto/AFP

Купјанск: Железнички јазол на границата со Русија

Не помалку драгоцен е и градот Купјанск, втора по важност железничка раскрсница во областа Харков. Градот се наоѓа на север и е оддалечен само 40 километри од границата со Русија. Руските трупи го користеа Купјанск за транспортирање на дополнително снабдување на фронтот кај Изјум. На руската страна, во изминатите години кај градот Валујки, во близина на украинската граница, е изградена нова армиска база.

Купјанск се наоѓа на реката Оскол, а руската војска поради украинската офанзива се повлекува на нејзиниот источен брег. Пред руската агресија, во градот имаше околу 60.000 жители, а за време на окупацијата Москва таму имаше инсталирано контролирана „цивилно-воена управа“. Украинската офанзива ја принуди да се повлече кон Вовчанк, близу границата, а потоа да се пресели во Белгород во Русија. Оваа „управа“ очигледно за следните месеци подготвуваше „референдум“ за припојување кон Русија, слично како и во останатите окупирани области од Русија, но овие планови сега се осуетени. 

„Одете си од нашиот град“

00:55

This browser does not support the video element.

Балаклија: Складиште на оружје и гасно поле

Балаклија спаѓа во првите ослободени градови во областа Харков. Гратчето со 27.000 жители пред војната, е помало од Изјум или Купјанск, но се наоѓа на стратешки важната сообраќајница М-03 на патот од градот Харков кон Исјум.

Во 2017 година Балаклија се најде во ударните вести во Украина и светот, откако таму експлодираше складиште за артилериска муниција. Според украински наводи, некогаш тука било најголемото складиште за муниција во Украина, наследство од Советскиот Сојуз. Властите во Киев обвинија за акт на саботажа.

Околината на Балаклија е важна и за снабдувањето со гас на Украина, таму се наоѓа гасното поле Шебелинка, најголемо во Украина. Поради близината на фронтот, експлоатирањето на гас беше во опасност. Речиси половина од украинскиот гас се експлоатира во областа Харков.

Може ли Украина да ги задржи ослободените области?

По успехот од минатите денови, Украина се обидува да изврши продор натаму кон исток и да ослободи нови области. Но, темпото значително забавува. Централно прашање идните недели ќе биде дали Украина ќе успее да ги задржи веќе ослободените територии. Набљудувачите не исклучуваат дека Русија одново ќе нападне на север. Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, чии трупи во украинската војна се озлогласени, најави повторно ставање под руска контрола на загубените територии.

Но, тој потфат нема да биде лесен за руската армија.  Украина во моментов се обидува да продре на југ, во регионот Херсон,  таа може да ослободи помали места.  За Русија, пак, Херсон е очигледно многу поважен од Харков,  поради неговата близина до анектираниот Крим и таму постојано испраќа засилување.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми