Цените на недвижностите низ Балканот вртоглаво растат. Квадратен метар во главните градови во регионот денес достигнува рекордни вредности, додека платите главно не го следат тој раст. Дури и со просечни примања и долгорочни кредити, сè потешко се доаѓа до сопствен дом. Истражувавме колку работа е потребна за еден нов стан во Скопје, Белград, Загреб, Тирана и Сараево.