1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Колку навистина е силна демократијата во САД?

Карла Блајкер
29 октомври 2024

Кога Американците следниот месец ќе го изберат својот нов претседател, кандидатот кој ќе освои најмногу гласови можеби нема да биде и конечниот победник. Демократијата во САД има некои свои специфики.

Бројни гласови на избирачите не играат улога на претседателските избори во САД?
Бројни гласови на избирачите не играат улога на претседателските избори во САД?Фотографија: Winstead Barnes/Xinhua/IMAGO

Долго време, САД се сметаа за пример за демократија - другите нации можеа да угледаат на нив кога ги градат сопствените демократии по станувањето независни, или по ослободувањето од авторитарни режими. Политичари од Џон Ф. Кенеди до Барак Обама САД ги нарекуваа светилник кој ги привлекува погледите од целиот свет.

И на 6 јануари 2021 година, очите на светот беа вперени кон САД. Дента толпа десничарски екстремисти, поттикнати од тогашниот претседател Доналд Трамп, упаднаа во Капитолот и се обидоа да го запрат демократскиот трансфер на власта по изборите во 2020 година. Во анкета од 2023 година на новинската агенција Асошиејтед прес и Универзитетот во Чикаго, само 10 проценти од анкетираните изјавиле дека демократијата во САД функционира исклучително добро или многу добро. Каква е тогаш состојбата на американската демократија денес, во пресрет на претседателските избори во 2024 година? 

Американскиот Конгрес не влева доверба во демократијата

„Мислам дека е чесно да се каже оти Американците во моментов немаат голема доверба во владините институции“, вели за ДВ Мајкл Беркман, директор на Институтот за демократија Мекортни и професор по политички науки на Универзитетот во Пенсилванија. „Тие гледаат Конгрес ко воопшто не функционира добро и согледуваат некои прилично големи проблеми кои владата не ги реш, како што се оруженото насилство и климатските промени“, посочува Беркман.

Поради неспособноста да избере лидер, републиканското мнозинство во Претставничкиот дом со недели го парализираше Конгресот во октомври 2023 година. Но, дури и без такви прекини во носењето закони во двата дома на Конгресот, Претставничкиот дом и Сенатот, законодавството е бавно поради длабоко вкоренетите поделби меѓу Републиканците и Демократите. „Исклучително е тешко, понекогаш дури и невозможно, да се донесе закон дури и кога големо мнозинство од јавноста поддржува одредена мерка“, објаснува за ДВ Ванеса Вилијамсон, од американскиот истражувачки центар Брукингс. „Во Вашингтон има многу сериозна дисфункција“, смета Вилијамсон.

Острата поларизација, јазот меѓу поддржувачите на Демократите и Републиканците, значи дека најмалку половина од земјата веројатно ќе биде крајно незадоволна од многу одлуки што ќе ги носи новата администрација.

Безредија пред Капитолот на 6 јануари 2021 година: За малку ќе пропаднеше мирниот трансфер на властаФотографија: Tayfun Coskun/AA/picture alliance

По изборите во 2020 година, многу Републиканци (на чело со Трамп) беа толку незадоволни од изборните резултати што се обидоа да ги игнорираат, лажно тврдејќи дека изборите биле „украдени“. Тоа имаше такво влијание што на крајот толпата од оние кои веруваа во таквата приказна, упадна во Капитолот. Мирниот трансфер на власта е едно од одбележјата на една демократија, а тоа во САД речиси и не се случи по последните избори.

„Мислам дека она што се случи на 6 јануари и одбивањето на едната страна да ги прифати резултатите од изборите е многу штетно за демократијата, бидејќи прифаќањето на изборниот исход е од фундаментално значење за демократската политика“, смета Беркман.

Мнозинството гласови всушност не се клучни

Од таму не е изненадување што довербата во демократските институции опадна во последните години. Но, има и друг аспект кој можеби не се очекува од земја како САД.

„Покрај неодамнешните форми на демократска ерозија, САД имаат многу антидемократски практики кои траат многу долго време“, вели Вилијамсон.

Главна меѓу нив е дека победник на претседателските избори не мора да биде нужно оној со најмногу освоени гласови. Доналд Трамп победи на претседателските избори во 2016 година, иако неговата противкандидатка Хилари Клинтон освои приближно 2,9 милиони гласови повеќе од него. Причина за овој проблем е изборниот совет. Во САД секоја од 50-те сојузни држави има одреден број на т.н „електори“, во зависност од големината на населението. Кандидатот кој ќе освои мнозинство гласови во една држава ги добива електори од таа држава. Ви звучи комплицирано? Еве еден пример за појаснување.

Калифорнија, како најнаселена држава, има најмногу електори во Изборниот совет, односно 54. Кандидатот кој ќе освои најмногу гласови во Калифорнија ги добива сите 54 електорски гласови, дури и ако победи со тесно мнозинство. Помалите држави како Вермонт или Јужна Дакота имаат само по три изборни гласа, но системот е ист.

За да победи на претседателските избори, кандидатот мора да победи во доволен број сојузни држави за да освои 270 или повеќе електорски гласови. Па така, некој што ќе победи во држави со мала популација може да стане претседател, иако поголем број Американци гласале за другиот кандидат.

Харис или Трамп: За победникот на изборите за претседател на САД не одлучува мнозинството гласачиФотографија: Carlos Osorio/Evan Vucci/dpa/picture alliance

Сенатот - „длабоко недемократска институција“

Друг дел од американскиот политички систем кој не одразува совршена демократија е Горниот дом на Конгресот: Сенатот. Секоја сојузна држава има по двајца сенатори - без оглед на бројот на населението.

Тоа значи дека во некои држави еден сенатор претставува неколку стотици илјади граѓани, додека во други неколку милиони жители си „делат“ еден сенатор. Кога Сенатот треба да донесе одлука, гласот на секој сенатор има потполно иста тежина, иако тие претставуваат многу различен број на луѓе. Беркман Сенатот  го нарекува „длабоко недемократска институција“.

Позитивна страна: поголема излезност

САД можеби не се пример за демократија, но Американците не се откажуваат од неа. Се повеќе луѓе излегуваат на избори. Излезноста на претседателските избори во 2020 година изнесуваше повеќе од65 проценти, највисока во последните 100 години.

„Има забележително зголемување на политичкото учество во последните осум, десет години“, вели Беркман и додава дека „тоа е важно“.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми