1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСудан

Конфликт во Судан: Договор за заштита на цивилите

СН/агенции
12 мај 2023

Претставниците на армијата и парамилицијата РСФ потпишаа договор со кој се обврзуваат на заштита на цивилите и на безбеден транспорт на хуманитарна помош. Договор за прекин на огнот сѐ уште не е на повидок.

Чад над суданската престолнина Картум, по експлозиите и борбите во градот
Чад над суданската престолнина Картум, по експлозиите и борбите во градотФотографија: Mohamed Nureldin/REUTERS

Завојуваните страни во Судан синоќа потпишаа договор со кој се дозволува пристап до хуманитарна помош, а преговорите за постигнување на привремено примирје ќе продолжат, соопштија американски претставници.

Претставници на војската и на паравоените групи, кои се во конфликт речиси еден месец, потпишаа изјава во Џеда, Саудиска Арабија, со која се обврзуваат да ги заштитат цивилите во Судан, изјави американска претставничка која учествуваше во разговорите.

По шестдневни преговори, претставниците на армијата на генералот Абдел Фатах ал-Бурхан и на паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) на генералот Мохамед Хамдан Дагло ја потпишаа „Декларацијата од Џеда за заштита на цивилите во Судан“.

Воениот водач на Судан Абдел Фатах ал-Бурхан (архивска фотографија)Фотографија: ASHRAF SHAZLY/AFP/Getty Images

Двете страни се обврзаа дека ќе дозволат влез на хуманитарна помош, ќе дозволат обновување на електричната енергија, вода и другите основни услуги, оти ќе ги повлечат безбедносните сили од болниците и ќе обезбедат „достоен погреб“ за загинатите.

Преговорите ќе продолжат за да се постигне ново привремено примирје што ќе овозможи доставување на помош, а на маса е и предлогот за прекин на борбите 10 дена, изјави американската претставничка која не сакаше да биде именувана.

„Не станува збор за прекин на огнот. Станува збор за остварување на обврските според меѓународното хуманитарно право“, особено кога станува збор за цивили, додаде таа.

Генерал Мохамед Хамдан Дагло, од соборец до лут противник на де факто претседателотФотографија: AFP

Вашингтон се надева дека со потпишувањето на овој договор ќе се оздаде „динамика“ која може да доведе до испорака на помош, рече таа, но заклучи дека војската и паравоената група „сè уште не стигнале до таму“.

Судирите во Судан избија на 15 април меѓу суданската војска и паравоените единици предводени од двајца ривалски генерали.

Во насилството досега загинаа повеќе од 600 луѓе, вклучувајќи и цивили, а неколку стотици илјади се раселени или побегнале во соседните земји.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми