Контраудар на Иран, нападнати повеќе американски бази
28 февруари 2026
Иранската Револуционерна гарда, според информации на иранската државна новинска агенција Фарс, нападнала неколку американски воени бази во Перскиот Залив. Според Фарс, целите се наоѓаат во Кувајт, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Катар и Бахреин.
Иран потгврди и контраудар врз Израел. Прв бран ракети и дронови се насочени кон Израел, јави иранската агенција Тасним, повикувајќи се на информации од Револуционерната гарда.
Иран ги напаѓа сојузниците на САД во регионот на Персискиот Залив
Иран претходно се закани дека ќе се одмазди доколку биде нападнат. Според агенцијата Ројтерс, напади има во неколку соседни земји на Иран.
Се јавува за неколку експлозии во катарскиот главен град Доха, но, како што се вели, ситуацијата е под контрола. „Гласни звуци“ има и во Абу Даби. При воздушен напад врз база на ирачката војска загинало едно лице, соопшти портпарол на базата. Во Кувајт се слушаат сирени. Бахреин, според државната новинска агенција, потврдува дека бил цел на напади. По почетокот на американско-израелските напади врз Иран, силни експлозии се слушнати во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, јавува агенцијата АФП.