1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Короната го кочи производството на Ајфон 14

Арнд Рикман
7 ноември 2022

Кинеските власти и натаму реагираат со драстични мерки на пандемијата на коронавирус. Локдаун го парализира производствто на производителот на мобилни телефони Фокскон и со тоа го загрозува бизнисот на Епл.

Фабриката на Фокскон во Женгжу, Кина
Фабриката на Фокскон во Женгжу, КинаФотографија: Avalon/Photoshot/picture alliance

Корона-ретстрикциите во фабрика на Фокскон во Кина во моментов предизвикуваат значителен пад на производството на Ајфон. Фабриката која се наоѓа во централната кинеска метропола Женгжу работи со „значително намален капацитет“, соопшти Епл. Засегнато е производството на „Ајфон 14 Про“ и „Ајфон 14 Про Макс“ - два нови луксузни смартфони кои на пазарот се од септември.

Рестрикциите може да го прекинат и дотокот на делови во фабриката. Епл соопшти дека со производителот работи на тоа производството да се врати во нормала без да биде загрозено здравјето на вработените. Фабриката работи барем делумно, бидејќи некои вработени не ги напуштаат просториите.

Загрозено е производството на „Ајфон 14 Про“ и „Ајфон 14 Про Макс“ - два нови луксузни смартфони кои на пазарот се од септемвриФотографија: Stanislav Kogiku/picture alliance

Според Епл, клиентите сега треба да чекаат подолго за испорака на новите уреди. Доцнењето на производството на Ајфон го погаѓа Епл непосредно пред почетокот на важниот божиќен бизнис.

Во фабриката на Фокскон во Женгжу е забележано значително зголемување на инфекциите со корона, поради што тајванската компанија ја забарикадира фабриката. На крајот на октомври, вознемирени вработени избегаа од областа пеш за да избегнат инфекција со Ковид-19 и за да ги избегнат рестрикциите. Дел од работниците се пожалија на мизерните услови во фабриката во која работат стотици илјади луѓе.

Вработени ја напуштаат фабриката на Фокскон (29.10.2022)Фотографија: Hangpai Xingyang/AP/picture alliance

Пред неколку дена локалните власти воведоа локдаун во зоната околу објектот на Фокскон. Оваа мерка погодува 600.000 луѓе. Фокскон во четвртокот (3.11) објави дека соработува со кинеската влада во борбата против пандемијата со цел производството „да се врати во полн капацитет што е можно поскоро“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми