1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЗдравјеКина

Коронавирус: Пекинг против сопственото население

Autorenbild | Alexander Görlach
Александар Герлах
4 јануари 2023

Откако Кина ја укина „нулта-ковид политиката“, бројот на заразени експлодира. Експертите предупредуваат од мутации. Но, Пекинг повторно ги премолчува податоците и сите нѐ става во опасност, коментира Александар Герлах.

Огромен бран нови инфекции со коронавирус во КинаФотографија: cnsphoto via REUTERS

Раководството на Народната Република си останува доследно. За жал, мора да се каже. Диктатурата во Пекинг не одговара на барањата од Светската здравствена организација која бара точни и податоци во реално време за корона-бранот што во моментов ја тресе земјата. Набрзо по избивањето на ковид пандемијата кон крајот на 2019 годин во кинескиот град Вухан, стана јасно дека Комунистичката партија нема никаков интерес да го заштити ниту сопственото, ниту светското население. Пекинг тогаш вршеше притисок врз СЗО да не ја квалификува како пандемија новата болест која брзо се ширеше, како и да го отсече од останатиот погоден свет соседен Тајван, кој доследно и прецизно ги документираше случаите на ковид.

Нешто подоцна за Австралија, која од Пекинг побара информации за причините за вирусот, КП изрече економски санкции. Кинеската влада не прифати ниту меѓународна експертска комисија која сакаше да ја посети Кина со цел да се спречат вакви епидемии во иднина.

Сомнителното однесување на Пекинг ги поттикна сомнежите дека коронавирусотсепак настанал во лабораторијата во Вухан, недалеку од пазарот каде беа регистрирани првите заразени луѓе. Тајните служби како ЦИА претпоставуваат дека поголема е веројатноста да се работи за несреќен случај отколку таргетиран напад од КП врз човештвото. Ако тоа се покаже како вистинито, тогаш на адреса на Пекинг ќе пристигнат барања за репарации од цел свет.

Кинезите ја казнуваат владината пропаганда со лаги 

Да се споделат податоци со СЗО пред сѐ ќе им помогне на луѓето во Кина. Пекинг ни тогаш, ни сега нема интерес да го прави тоа. Докторот Ли Венлијанг кој прв предвиде дека ќе има пандемија и неговите сознанија сакаше да ги сподели со други доктори во градот, беше малтретиран од државната полиција и му беше наметнат молк. Кратко потоа почина како последица на Ковид-19, исполнувајќи ја својата докторска обврска и од тогаш во Кина го слават како светец. 

Александар ГерлахФотографија: Hong Kiu Cheng

Во ноември минатата година луѓето во земјата демонстрираа провоцирани од пожар во станбена зграда во кој имаше најмалку десет жртви, а во којстрогите корона мерки веројатно ја попречиле спасувачката акција. Некои демонстранти притоа бараа да си замине Комунистичката партијаи лидерот Ши Џинпинг. Тој беше посочен како одговорен за смртоносниот бран кој ја има зафтено земјата бидејќи по крајот на мерките за надзор кој тој ги наметна под називот „нулта Ковид”, Комунистичката партија како решение го понуди ставот дека сега секој си е сам одговорен за своето здравје. Натамошни протести се претпрограмирани, бидејќи луѓето веќе не ù веруваат на Комунистичката партија. 

Тие ги споделуваат своите приказни со заразата на интернет, објавуваат видеа од преполни болници, безброј мртовечки вреќи и преполни крематориуми со што го казнуваат официјалниот лажен наратив на Комунистичката партија. Кога во Пекинг само на еден ден починале околу 2700 лица, властите тврдеа дека само двајца починале од Ковид. Откако владата забележа дека луѓето веќе не ù веруваат, на крајот на декември минатата година комплетно го сопре известувањето за бројот на заразени. СЗО потоа побара од Кина подобро да соработува со меѓународната заедница. 

Пекинг: опасност за светското здравје

Тоа што безброј земји, од САД, Италија, Индија до Јужна Кореја, од патниците од Кина сега бараат негативен ковид тест е сосем исправно. Истовремено ова е џокер за Ши Џинпинг кој во националистичкиот наратив мерките ќе ги продаде како приказна дека сиот свет им мисли само лошо на Кинезите. Пандемијата од избивањето во Вухан до најновиот бран што ја зафати Народната Република Кина, според проценките на универзитетот во Хонгконг, ќе однесе околу еден милион животи. Начинот на кој Пекинг се однесувапокажува дека на Комунистичката партија не може да ù се верува дури ни кога се во прашање животите на сопственото население и заштитата на човештвото.

Моќникот Ши многу сака да се претставува како одговорен владетел кој сака Кина да го заземе централното место во светската политика. Но, реалноста е спротивна - Ши „шурува „само со други диктатори, меѓу кои оние од Москва, Пјонгјанг и Техеран. Со Ши Народната Република Кина стана закана број еден за мирот и здравјето во светот. Се надевам дека на СЗО сега и` е жал што пред неколку години дозволуваше Ши да ù се наметнува, кога пролетта 2020. година се воздржуваше да прогласи пандемија на Ковид-19. На плоштадите на слободниот свет треба да се постават споменици на докторот Ли Венлијанг.

Александар Герлах е признат експерт на Карнеги советот за етика и истражувач на Интернет институтот на универзитетот Оксфорд. По престој во Тајван и Хонгконг, тој дел од светот и особено неговото значење за слободниот свет, станале клучна тема од интерес за него. Тој бил на различни функции на универзитетите Харвард и Кембриџ.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми