Ирфан Буњаку, од Министерството за индустрија, претприемништво и трговија, вели:
„Косово има потенцијал во областа на планинскиот и културниот туризам. Има многу добри патеки за пешачење, качување, возење велосипед, и локации погодни за параглајдерство. Но, културниот туризам исто така се развива многу добро во последните години.“
Берлинката Ванеса Сабелски е голем љубител на ридските и планинските предели и затоа редовно доаѓаво Руговска Клисура.
„Мислам дека Ругова е едно од најубавите места на Косово, затоа што кањонот е убав, реката е убава, и човек овде се чувствува како друг свет“, раскажува Сабелски.
Најубавите пејзажи во Европа
Лето, сонце, природа! Оние кои копнеат по авантура и прекрасна природа, имаат многу можности за патување во Европа. Ние одбравме 10 национални паркови и прекрасни пејзажи.
Фотографија: Moritz Wolf/imageBROKER/picture alliance
Национален парк Хоса, Финска
Со малку среќа, во североисточна Финска можете да забележите кафеави мечки, волци или лосови. Со своите зимзелени шуми и кристално чистите езера, националниот парк е идеален за сите што ги ценат идиличното изолирање и недопрената дивина.
И овде туристите се далеку од метежот и вревата на градот. Огромната и целосно ненаселена област во Шведска, со планини високи преку 2000 метри, речиси 100 глечери, диви порои и тесни клисури, е рај за авантуристите. Понекогаш овде може да се видат познатите поларни светла. Може да се оди дури и на диво кампување.
Фотографија: Gunar Streu/Zoonar/picture alliance
Јотунхајмен, Норвешка
Јотунхајмен, што значи „дом на џиновите“, е највисокиот планински венец во Норвешка. Љубителите на нордиската митологија и дивите пејзажи тука ќе уживаат. Вреди да се види и смарагдно зеленото езеро Гјендезе. Глечерните седименти му даваат на езерото невообичаено интензивна боја.
Фотографија: Moritz Wolf/imageBROKER/picture alliance
Елпски песочни планини, Германија, Чешка
Со карпи од песочник и кривулести шумски патеки, Елпските песочни планини нудат разновидност и авантура. Добар поглед на околниот пејзаж се отвора од Хоер Шнеберг, највисоката планина во регионот во чешкиот дел на Елпските пасочни планини.
Германско-белгискиот парк на природата Хоес Вен опфаќа широк мочурлив предел кој инаку се наоѓа само на повисоки географски широчини. Може да се истражи со користење на определени патчиња и дрвени патеки. Натпросечните количества на врнежи и високата влажност овозможуваат овде да има уникатна флора.
Фотографија: Jochen Tack/picture alliance
Плитвички Езера, Хрватска
Најголемиот и најстар национален парк во Хрватска не без причина се нарекува „зелена ризница“. Областа вклучува 16 големи и мали езера кои се нанижани едно на друго како бисери. Овде можете да се восхитувате на познатите водопади кои можат да се видат во старите филмови на Карл Меј.
Фотографија: Chun Ju Wu/Zoonar/picture alliance
Скадарско Езеро, Црна Гора, Албанија
Скадарското Езеро е по површина најголемото езеро на Балканскиот Полуостров, иако неговата точна површина варира во зависност од сезоната. Овде може да правите тури со брод и екскурзии до манастирските острови Бешка, Горчија и Марачник или да им се восхитувате на птиците преселници кои го користат природниот пејзаж како место за одмор и размножување.
Фотографија: M. Woike/blickwinkel/picture alliance
Чинкве Тере, Италија
Националниот парк Чинкве Тере е меѓународно познат по своите пешачки патеки и живописните рибарски села. Лоциран на брегот на Лигурија, националниот парк, кој е дел од светското наследство на УНЕСКО, нуди широк спектар на можности за разгледување, релаксација и планинарење.
Фотографија: Nikolai Sorokin/Zoonar/picture alliance
Каланк, Франција
Националниот парк Каланк се наоѓа недалеку од јужната француска метропола Марсеј. Крајбрежниот пејзаж импресионира со заливите слични на фјордови и спектакуларните варовнички формации кои стрмно се спуштаат до Средоземното Море. Во овој единствен екосистем се развиле растителни видови како што е „Саблин де Марсеј“, какви што не може да се најдат никаде на друго место во светот.
Фотографија: P. Royer/blickwinkel/picture alliance
Национален парк Ордеса и Монте Пердидо, Шпанија
Националниот парк во шпанскиот дел на Пиринеите, кој е прогласен за светско наследство на УНЕСКО во 1997 година, е испресечен со длабоки клисури и уникатни карпести формации. Покрај планинските потоци и буковите шуми, тука може да се откријат и многу различни видови птици.
Фотографија: M. Woike/blickwinkel/picture alliance