1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ковачевски на средба со Зеленски: поддршка за Украина

ДТЗ
1 јуни 2023

Северна Македонија останува на вистинската страна на историјата, поддршката за Украина продолжува сè додека е тоа потребно за украинскиот народ, вели Димитар Ковачевски

Димитар Ковачевски, Еди Рама и Володимир Зеленски во Молдавија
Македонија останува на вистинската страна на историјата, поддршката за Украина продолжува, вели Димитар КовачевскиФотографија: Presseservice der Regierung Nord-Mazedoniens

Северна Македонија останува на вистинската страна на историјата, поддршката за Украина продолжува сè додека е тоа потребно за украинскиот народ , истакнал македонскиот премиер Димитар Ковачевски кој заедно со албанскиот колега, Еди Рама имаа заедничка средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на маргините на вториот Самит на Европската политичка заедница во Кишињев. 

„Задоволство ми е што имав прилика да се сретнам со нашиот пријател, претседателот на Украина, Володимир Зеленски. На нашата средба на која бевме заедно со премиерот на Албанија, Еди Рама, му ја пренесов лично поддршката која ја даваме за одбраната на храбриот украински народ, од неоправдана брутална воена агресија која Русија ја врши врз Украина“, објави Ковачевски на Фејсбук. 

Поддршка без калкулации

Премиерот ја истакнал силната поддршка која Северна Македонија ја дава на Украина од почетокот на воената агресија од Русија врз Украина во февруари минатата година. „Северна Македонија ја осуди бруталната воена агресија која Русија ја врши врз независна и суверена Украина. Го поддржуваме суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и нејзиното право да го трасира самостојно својот пат. Обезбедивме и ќе продолжиме да обезбедуваме поддршка во секоја форма која на Украина ѝ е потребна", порачал Ковачевски.

Ковачевски и Рама на средба со Зеленски во МолдавијаФотографија: Presseservice der Regierung Nord-Mazedoniens

Како што информираат од Владата, Зеленски се заблагодарил за поддршката која за нив доаѓа во клучни моменти и за тоа што земјата е покрај Украина од првиот ден без калкулации.

„Не правевте калкулации, бевте покрај нас од првиот ден и украинскиот народ и ние го цениме тоа", истакнал Зеленски.

Северна Македонија е дел од основачката група за формирање на Посебен меѓународен суд за кривичните дела од агресијата. Украина е меѓу приоритетите при претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, воедно, Северна Македонија ја подржува евро-атлантската интеграција на Украина и посветеноста на политиката на отворени врати на НАТО. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми