1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ковачевски: Штајнмајер порача да не го кочиме патот кон ЕУ

ДТЗ
30 ноември 2022

Кој можеше да претпостави дека германски претседател во Собранието ќе ги цитира Конески и Андреевски. Беше многу јасно кажано дека македонскиот јазик и идентитет се добредојдени во европското семејство, вели премиерот

Bundespräsident Frank-Walter Steinmeier | Interview mit der Deutschen Welle 2022
Фотографија: Liesa Johannssen/Bundesregierung

Посетата на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер во Северна Македонија е исклучително значајна. Тој испрати силна порака за сите пратеници во Собранието и повтори дека не треба самите себе да се кочиме на патот кон полноправно членство во ЕУ, изјави премиерот Димитар Ковачевски, коментирајќи ја посетата на германскиот претседател Штајнмајер кој вчера (29.11) имаше обраќање во македонскиот парламент пред државниот врв и пратениците.

„Кој можеше да претпостави дека германски претседател во Собранието ќе ги цитира Блаже Конески и Петре М. Андреевски. Беше многу јасно кажано дека македонскиот јазик и идентитет се добредојдени да го збогатат европското семејство, европската култура и идентитет со нашиот македонски идентитет“, изјави Ковачевски. 

Тој потецираше дека со Германија имаме исклучително високо ниво на поврзаност од сите аспекти. „Германија е наш пријател 31 година, и помага во унапредувањето на нашето општество во голем број на области“, вели македонскиот премиер. 

Посетата на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер е исклучително значајна, оцени премиерот Димитар КовачевскиФотографија: Government of North Macedonia

Една од најсилните економии

Тој оцени дека посетата на германскиот претседател е значајна со оглед на значењето на големината на Германија како земја членка на Европската Унија и како една од најсилните економии и како држава од која зависат многу процеси во Европа.

„Ако ја погледнете нашата економија таа е најмногу поврзана со германската економија. Исто така и голем број на наши сограѓани живеат и работат во Германија“, додаде Ковачевски.

Тој смета дека е особено важна пораката на Штајнмајер упатена до пратениците, дека не треба самите себе да се кочиме на патот кон полноправно членство во ЕУ.

Особено е важна пораката на Штајнмајер упатена до пратениците, дека не треба „самите себе да се кочиме на патот кон полноправно членство во ЕУ“.Фотографија: Petr Stojanovski/DW

„Сите пратеници во Собранието тоа го должат на граѓаните, не само на нашата генерација туку и на идните генерации, бидејќи тие заслужуваат да живеат во европска држава - но во своја држава, а не во европска држава туѓина, каде ќе бараат подобар живот. Мојата порака е дека сите политички партии, сите пратеници во парламентот имаат обврска пред граѓаните да ги носат одлуките кои се пред нас, кои ќе ни овозможат што побрзо зачленување во ЕУ“, рече Ковачевски по увидот на градежните работи за изградба на магистралниот гасовод, делница Неготино-Битола. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми